Промени

Прејди на: содржини, барај

Бог Свет Дух

Додадени 75 бајти, 18:26, 8 февруари 2011
с
interwiki fr
Светотроичното толкување на сите Божји дела го подразбира учеството на Светиот Дух во чинот на создавање: „Духот Божји лебдеше над водата“ (Битие, 1,2). Делувањето на Светиот Дух треба да се гледа како дел од творечката Божја активност. [[Свето Предание|Светото Предание]] Го објаснува Светиот Дух како ипостас која се’ одржува, а посебно човекот, кому Бог „му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.“ (Битие 2,7). Токму Овој „дух животен“, кој е поистоветен со Светиот Дух е она што го прави човекот да биде икона Божја. Ова дејство на Светиот Дух го наговестил и ветил на своите ученици и самиот Господ Исус Христос. Тој всушност објавува дека не само што Светиот Дух Го сведочи и прославува (Јован 15,26), туку дека и Светиот Дух, на Светата [[Педесетница]] во [[апостоли]]те ќе ја актуелизира реалноста на спасоносниот подвиг и неговите дела (Јован 14,26).
[[Господ Исус Христос]] пред Своето [[Свето ВознесениеХристово|Вознесение]] нагласил пред своите апостоли дека нема спасение додека не се исполнат со силата на Светиот Дух (Лука 24,29). Светиот Дух е Дух на мудрост и на откровение (Ефесјани 1,17), Кој го исполнува човекот со божествена мудрост и му ја открива тајната на Богочовекот Христос; преку силата на Светиот Дух литургиски, евхаристиски и теофаниски се јавува тајната на спасението во Царството Божјо уште во времето и просторот на овој век и свет. Во тој контекст, односот помеѓу Христос и Светиот Дух е неразделив (што имплицира и неразделивост помеѓу Христологијата и Пневматологијата); сепак, невозможно е да се види Светиот Дух (Јован 14,17), што претставува суштинска разлика помеѓу делувањето на Исус Христос и Светиот Дух. Но, преку Светиот Дух се гледа Синот, Кој е икона на Отецот. Преку Светиот Дух, Кој непрестајно обитува во Црквата, се остварува есхатолошката природа на Црквата како Тело Христово. „Каде е Црквата, таму е и Светиот Дух“ ([[Свети Иринеј Лионски]]), Кој „ја изградува Црквата Божја“ ([[Свети Василиј Велики]]). Со други зборови, сиот живот на Црквата, секое црковно дејание, служба, тајна или дело бива само преку призивањето на силата и благодатта на Светиот Дух, односно „Благодатта, давана од Света Троица, се дава од Отецот преку Синот во Светиот Дух.“ ([[Свети Атанасиј Велики]]).
==Светиот Дух во библистиката==
Светите апостоли се крстени во Светиот Дух, по ветувањето Христово, на денот на Педесетница. Нивното крштевање било очигледно за сите: според нивниот начин на прославување на Бога, според смелоста, и говорењето на други јазици, како и моќната проповед. Како што и светиот апостол Петар им рекол на своите ученици на денот на Педесетница, кога се исполнува всушност Јоиловото пророштво, Бог Го излил Светиот Дух на сите верници. Кога некој станува Христијанин, истиот тој го прима дарот на Светиот Дух, и на тој начин Светиот Дух е во него, давајќи му ново поимање и владеење, чивејќи го свесен дека навистина е син Божји, преку единството со Исус Христос. Тој прави да се вподобиме на Христос во добродетелите, „љубов, радост, мир, трпение, милосрдие“, давајќи и дарови за служба (1 Мој 1,2; Пс 139,7-12; Суд 3,10; 14,6; Ис 11,1-3; 2 Сам 23,2-5; Ез 36,26-27; Јл 2,28-29, Мих 3,8; Лука 1,35; 3,22; 4,1-18; 3,16; Јован 14,16-17; 16,7-15; Дап 2; Рм 8; 1 Кор 12; Гал 5,22-23).
[[el:Άγιο Πνεύμα]]
[[en:Holy Spirit]]
[[fr:Saint Esprit]]
[[ro:Duhul Sfânt]]
6.119
уредувања

Прегледник