Промени

Прејди на: содржини, барај

Безмолвие

Додаден 411 бајт, 14:17, 11 ноември 2007
с
нема опис на уредувањето
Безмолвие (тихување, исихијагрч. исихиа) е состојба на молитвено тихување; мирување, сведување на телесните движења на минимум за да се постигне и одржи најголема концентрација на духот. Во таа смисла се користи овој црквенословенски збор, кој некои го распознаваат и како „неподвижност“.
Во основата на овој поим е црковнословенскиот збор: ''молва'' што значи: метеж, врева, немир, буна. Под безмолвие се подразбира уште и еден начин, т.е. монашки подвиг, чии основни црти се: осаменост, одвојување и прекин на речиси сите врски со надворешниот свет и со другите луѓе и молитва (особено Исусовата молитва) како главно занимање на подвижникот. Монахот којшто води таков живот се нарекува уште и тихувател или безмолвник (исихаст), а да се живее така значи да се безмолствува (тихува). Има и уште едно потесно значење „молчење“, па на поимот безмолвник донекаде му одговара и стариот израз „молчаник“.  «''Блажен е оној што го носи јаремот од својата младост и седи сам, и ќе безмолвствува, зашто тој ќе се возвиши над себе''». (Плач. Јерем. 3;27)
[[Категорија:Православен речник]]
3.103
уредувања

Прегледник