Антифон е вид црковна песна која напоредно (антифонски) се пее по првите три ектении на Божествената Литургија од двете певници. Антифонот се состои од еден или повеќе стихови од псалмите, придружени од стихови во кои е пресликана суштината на псалмот што се пее.