Промени

Прејди на: содржини, барај

Јован Пергамски (Зизиулас)

Додадени 54 бајти, 13:25, 8 август 2014
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Zizioulas1.jpg|right|thumb|200px|Митрополит Јован Пергамски]]
'''Јован Зизиулас''' (р. 1931 год.) е современ богослов и титуларен [[Митрополит ]] Пергамски на Вселенската Патријаршија на Константинопол.
==Живот==
Митрополитот Јован е роден на [[10 јануари ]] 1931 година. Своите студии ги започнал на Солунскиот Универзитет, додека богословското образование го стекнал на Атинскиот Универзитет во 1955 година. Неговите патролошки студии продолжиле под менторство на отец [[Георгиј Флоровски]] во Харвард, дека што и магистрирал, за подоцна да го стекне докторатот во Атина, во 1965 година. Цели 14 години бил богословски професор на Универзитетите во Глазгов и Единбург, а независен професор бил на универзитетите во Женева, Григоријанскиот универзитет и Кралскиот Колеџ во Лондон. Во Епископски чин е [[Хиротонија|хиротонисан ]] на [[22 јуни ]] 1986 година.
==Богословие==
Влијанието на богословската мисла на Митрополитот Јован ги одбележа последните децении на 20 век. Неговата компилација на богословски студии „Битието „''Битието како заедничарење“ заедничарење''“ издадена во 1985 година според многумина е книгата која го одбележала доцниот 20 век.
Главните теми во делата на Јован Пергамски се слободата и личноста, како човечка, така и божја. Засновајќи ја својата мисла на Кападокиските Отци и богословието на [[Свети Максим Исповедник]], ја дефинира својата личносна и односна онтологија во која ниту унитарноста, ниту плуарлноста немаат приоритет. Во неговата „Битието како заедничарење“ се осврнува на важноста на заедничарењето за личноста, додека во „Заедничарење и различност“ нуди комплементарна анализа на значењето на различноста во заедничарењето. На тој начин го третира древниот философски проблем на надминувањето на Едниот и Многуте, кој го гледа низ призма на Бога (Трите Ипостаси во Троица и „монархијата“ на Отецот), човечноста (богословска антропологија) и Црквата (еклисиологија). Неговата богословска мисла ја разгледува и есхатолошката онтологија која ја извлекува од делата на св. Максим Исповедник, за кого вистинската онотологија е есхатолошката, односно вистински реално е она нешто кое е реално и во есхатонот. Токму оваа тема е актуелна во неговата најнова книга „Сеќавање на иднината: Една Есхатолошка Онтологија“.
Неговата прва објавена книга била воедно и докторската дисертација на Атинскиот Универзитет (1965 г.), насловена „Евхаристија„''Евхаристија, Епископ, Црква: Единственоста Единството на Црквата во Божествената Евхаристија и Епископатот во првите три века“века''“, која претставува придонес и продолжение на делата на отец Николај Афансјев.
Митрополитот Јован, е една од најзначајните личности во екуменскиот дијалог меѓу Православната Црква и другите христијански традиции, и во 2006 го наследи Архиепископот Стилијан Австралиски како претседател на Православната Комисија за дијалог со Римо-Католичката Црква. Тој е исто така познат поради неговото творештво за и околу природната околина.
3.103
уредувања

Прегледник