Нов Завет

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 10:35, 8 август 2014; направена од Iacovibus (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Нов Завет (грч: Καινή Διαθήκη) е богословски израз кој има три значења: прво, договор меѓу Бога и човекот, дел на Божјото Откровение кое го впотполнува и довршува Божјата икономија и домострој на спасението на човекот; второ, збирка на 27 боговдахновени книги, напишани од светите апостоли кои го искажуваат тој договор; и трето, временски период од Рождеството Христово до денес, односно до крајот на овој век и Второто Христово доаѓање. Новиот Завет е уште и основна содржина и критериум на апостолската Црковна традиција, со што се потврдува дека извор на нејзиното богословско учење и литургиска пракса е ист; тој е исполнување на Стариот Завет, како договор меѓу Бога и избраниот Божји народ, кој бил со временски ограничен карактер (Мт 5,17).

Канонот на Новиот Завет

Евангелија

Дела апостолски

Посланија

  • Соборно послание на светиот апостол Јаков
  • Прво соборно послание на светиот апостол Петар
  • Второ соборно послание на светиот апостол Петар
  • Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов
  • Второ соборно послание на светиот апостол Јован Богослов
  • Трето соборно послание на светиот апостол Јован Богослов
  • Соборно послание на светиот апостол Јуда
  • Послание на светиот апостол Павле до Римјаните
  • Прво соборно послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните
  • Второ соборно послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните
  • Послание на светиот апостол Павле до Галатјаните
  • Послание на светиот апостол Павле до Ефесјаните
  • Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните
  • Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните
  • Прво послание на светиот апостол Павле до Солунјаните
  • Второ послание на светиот апостол Павле до Солунјаните
  • Прво послание на светиот апостол Павле до Тимотеја
  • Второ послание на светиот апостол Павле до Тимотеја
  • Послание на светиот апостол Павле до Тит
  • Послание на светиот апостол Павле до Филимона
  • Послание на светиот апостол Павле до Евреите

Пророштва

  • Откровение на светиот апостол Јован Богослов

Апокрифи

  • Дидахи
  • Евангелие според Тома
  • Евангелие според Петар
  • Послание на Варнава
  • Евангелие според Египќаните
  • Евангелие според Евреите
  • Прво послание на св. Климент Римски
  • Откровение на Петар
  • Пастир Ерма
  • Евангелие според Јуда Искариот
  • Протоевангелие според Јаков