Нов Завет
Нов Завет (грч: Καινή Διαθήκη) е богословски израз кој има три значења: прво, договор меѓу Бога и човекот, дел на Божјото Откровение кое го впотполнува и довршува Божјата икономија и домострој на спасението на човекот; второ, збирка на 27 боговдахновени книги, напишани од светите апостоли кои го искажуваат тој договор; и трето, временски период од Рождеството Христово до денес, одосно до крајот на овој век и Второто Христово доаѓање. Новиот Завет е уште и основна содржина и критериум на апостолската Црковна традиција, со што се потврдува дека извор на нејзиното богословско учење и литургиска пракса е ист; тој е исполнување на Стариот Завет, како договор меѓу Бога и ирзбраниот Божји народ, кој бил со временски ограничен карактер (Мт 5,17).