Византија

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 20:16, 19 септември 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Византија, Византиум или Византиско царство е современ чадор - термин кој се користи да се опише Pимското царство, во средниот век, кое имало седиште во Константинопол (денешен Истанбул). Во посебна смисла обично се однесува на вековите кои го обележале падот на Западното Римско царство. Со Византија се поврзува и терминот Источно Римско царство. Не постои општа согласност кога почнува византиската епоха, некои тој почеток го сместуваат во времето на владеењето на Диоклецијан (284 – 305), кој спровел реформа на царството и го поделил на два административни дела – Источен (pars Orientis) и Западен (pars Occidentis).

Според други теории се смета дека отпочнало во времето на владеењето на Теодосиј I (379 – 395) и триумфот на Христијанството над Римските пагански религии, или по неговата смрт во 395 година, со распадот на империјата на западен и источен дел. Според трета теорија се смета дека Византискиот период почнува во 476 година која е и последниот западен цар – Ромул Августул, кој бил приморан да абдицира, со тоа што на владетелот на источното царство му ја оставил целата империја. Во секој случај постепени промени имало и до 330, кога светиот цар Константин го изградил Константинопол како свој престолен град, процесот на хеленизација, и христијанизација веќе бил во голем замав.

Надворешни врски