Црковно-богослужбени одежди
Црковно- богослужбени одежди
Црковно-богослужбените одежди се посебен вид на облека, во која што се облекуваат членовите на клирот, на Православната Црква. Одеждите имаат своја символична и практична функција. Тие се облекуваат за време на богослужбените свештенодејствија, и без нив истите не можат да се извршат. Тие се богато украсени со везови, од црковни мотиви, крстови, реки и слично а, неретко и со ликот на Господ Исус Христос. Се изработуваат во разнообразни бои за различни радосни или тажни моменти во православното богослужение. Одеждите и носењето на одежди го покажува пиететот на свештенослужителите, кон свештенодејството, особено кон светата литургија. Се облекуваат различни одежди во зависност од степенот на црковната ерархија во која се наоѓа клирикот. Тие имаат и свој историјат и развиток. За секој степен на црковната ерархија постојат различни одежди но има и заеднички за сите степени.
Список на црковно –богослужбени одежди
Стихар- дел од одеждата на сите членови на црковната ерархија па дури и на нижите поставени со хиротесија. Нараквици- дел од одеждата на сите степени на црковна ерархија. Орар- специфична одежда и најважна само за ѓаконскиот, прв степен по хиротонија во црковната ерархија. Епитрахил- заедничка богослужбена одежда и за епископите и за презвитерите, најважна без која не може да се извржи ниедно свештенодејство. Појас- заедничка одежда и за епископскиот ио за презвитерскиот степен. Фелон- дел од одеждата на презвитерите која ја носат за извршување на позначајни свештенодејства, односно за извршување на светите тајни. Сакос- одежда на епископот која се облекува наместо фелонот кај презвитерите. Омофор- дел од одеждата на епископот многу значаен без кој не може да се извршуваат свети тајни, поконкретно малиот омофор има такво значење, покрај него постои и голем омофор. Митра- богато украсена капа слична на имераторските круни, дел од облеката на епископот. Жезл- украсен пастирски стап, изработен од скапоцени материјали, кој што го носи епископот.
Секојдневна облека на свештенослужителите
Покрај богослужбените одежди кој се облекуваат исклучиво за време на богослужбените чинови, членовите на црковната ерархија се облекуваат на посебен начин во секојдневниот живот, со што се одликуваат од другите луѓе.
Тие облеки се: Мантија, Расо или горна мантија и камилавка.