Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот '''Соборот на сите македонски светители, Светители''' кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет, Светата Македонска Православна Црква го слави во првата недела од месец октомври. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата. Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои умирале бранејќи ја евангелската вистина, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа Благовестието за спасение на човечкиот род.
Според најновите информации од 25-от црковно-народен собир одржан 1999 година во САД, Американско - Канадска Епархија, имињата на македонските светители кои се родиле, живееле и ја ширеле Христовата вера во Македонија се: