Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Православна-енциклопедија:Трпеза

Во манастирите, трпеза е местото за јадење каде монасите и поклониците (и намерниците и верниците) се собираат за време на оброците и да разговараат (иако монасите не зборуваат за време на оброците). Трпезата на OrthodoxWiki служи како главно место за дискусии околу нашата страница.

Чувствувајте се слободни и придружете ни се, без разлика дали се разботи за прашање, идеја или пак коментар. Среќни сме што ве имаме тука. Исто така, посетете го и порталот на заедницата за поспецифични прашања.

Православие во Македонија

Постои потреба од изработка на содржини за Православието во Македонија. Најдобро би било да постои една поголема категорија, и неколку помали подкатегории (како храмови, манастири, историја и сл.) сите поврзани со Православието на овие простори. Поголем дел од статиите би започнале преку внесување на веќе изработените статии на македонската Википедија, кои понатаму би се разработувале и менувале. --iacovibus 19:14, 16 јули 2009 (UTC)

Планови за во иднина

Добро би било да се внесат сите содржински шаблони со кои би се збогатила енциклопедијата, како квантитативно, така и квалитативно. За сега, мислам да се започне со неколку основни шаблони: Вовед во Православие, Клир, Свето Писмо (има нешто почнато), Псалми, Литургија (?) итн. Да се поработи и на статиите за категоријата Православен речник, како и самата статија Речник, Празници и Временска линија на црковната историја. Секој предлог е добредојден. --iacovibus 09:14, 30 април 2009 (UTC)

Од содржинските шаблони, направени се и започнато е внесување за следните: Вовед во Православие, Клир, Свето Писмо и Литургија. Изработката на шаблонот Псалми е одложена за понатаму. --iacovibus 19:11, 16 јули 2009 (UTC)

Внес на дневни шаблони

Започна внесувањето на дневните празнични шаблони.

До сега, внесени се неколку денови од јануари, и постепено се внесуваат деновите од февруари. Васко работи на автоматското внесување на статии, преку Google calendar.

Iacovibus 06:55, февруари 19, 2008 (PST)

Избрани статии

Бидејќи Православната енциклопедија, со Божја помош, го зголемува бројот на статии, можно е од следниот месец (март) да се почне со избор на избрани статии два пати месечно, односно секој прв и петнаесетти ден од тековниот месец.

Предлозите можат да се оставаат тука, но и на посебна страница: Разговор за категорија:Избрани статии.

Iacovibus 06:55, февруари 19, 2008 (PST)

Избор на небесен покровител

Тука оставете ги вашите предлози. Ве молиме, секој предлог потпишете го со четири тилди (~~~~) за да биде јасно чиј е секој предлог. Еден корисник има право да предложи најмалку еден, а најмногу три светители / светителки. Откако ќе се добијат предлозите (рокот ќе биде дополнително одреден), ќе следи дискусија и избор.

Iacovibus 08:13, септември 9, 2007 (PDT)

Преподобен Кирил Философ, свети Ахил Лариски.

Ѓакон Тони 05:05, септември 15, 2007 (PDT)

Свети Василиј Велики

Taneski 11:39, октомври 8, 2007 (PDT)

Св. Јован Богослов

Bi 11:57, октомври 8, 2007 (PDT)

Света Лидија Македонска, свети цар Јустинијан, свети Димитриј Солунски

Makeddon 13:47, октомври 12, 2007 (PDT)

Свети Наум Охридски, Свети Јован Златоуст

Iacovibus 05:21, октомври 13, 2007 (PDT)

Света Лидија Македонска, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Milos 11:05, октомври 15, 2007 (PDT)

Свети Јоаким Осоговски, Свети Димитриј Солунски

deko 07:08, ноември 4, 2007 (PST)


По Божја промисла, за небесен покровител на македонската локализација на Православната енциклопедија е избран Свети великомаченик Димитриј Солунски мироточив.

Промена на шаблон „Цитат“

На почетната страна на Православната енциклопедија, наместо шаблонот „Цитат“ кој се наоѓа во долниот лев агол, ќе се постави нов шаблон, наречен „Дали сте знаеле дека...“ и во него ќе се поставуваат интересни факти од животот, богословието и преданието на Црквата.--iacovibus 03:40, 14 јануари 2015 (PST)