Разлика помеѓу преработките на „Свети Јован Крстител“
(el) |
с (→Мошти) |
||
Ред 37: | Ред 37: | ||
* Црквата св. Димитриј, Пиреја | * Црквата св. Димитриј, Пиреја | ||
* Музејот Бенаки, Атина | * Музејот Бенаки, Атина | ||
− | * Собата со свети мошти, Музејот Топкапи, Цариград ( | + | * Собата со свети мошти, Музејот Топкапи, Цариград (десната рака) |
* Џамијата Умајад во Дамаск, Сирија | * Џамијата Умајад во Дамаск, Сирија | ||
* Манастирот Цетиње, Црна Гора (десната дланка) | * Манастирот Цетиње, Црна Гора (десната дланка) | ||
− | * Бигорскиот манастир,св. Јован Крстител, Македонија ( дел од дланка ) | + | * Бигорскиот манастир,св. Јован Крстител, Македонија (дел од дланка) |
[[Категорија:Пророци]] | [[Категорија:Пророци]] | ||
Преработка од 13:32, 10 јануари 2012
Свети Јован Крстител (грч: Ιωάννης ο Βαπτιστής) - е пророк кој се родил шест месеци пред Христос, наречен Предтеча поради неговата објава на веста за доаѓањето на Месијата (види Мк 1,2). За Јован самиот Спасител рекол дека е најголем меѓ родените од жена (Мт 11,11) и дека до него се „законот и пророците“ (Лк 16,16), а од него па натаму Царството Божјо се проповеда со Евангелието.
Содржина
Светото Писмо за Јован Крстител
Раѓањето и службата на светиот Христов предтеча ги претскажале пророците Исаија (40,3) и Малахија (4,5), како и самиот архангел Гавриил (Лк 1,5-15). Јовановото рождество детално го изложил светиот евангелист и апостол Лука (1,1-80). Својата младост, св. Јован ја поминал во пустина (Мт 3,4; Мк1,1) сѐ до појавувањето пред народот. Во својата триесетта година започнал да проповеда во јудејската пустина и да го повикува народот кон покајание: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (Мт 3,2) и „излегуваа пред него Ерусалим и сета Јудеја, и сета околина Јорданска.“ (Мт 3,5-6) Според евангелистот Лука, Јован ја започнал својата проповед во 15 година од царувањето на Тивериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Она што тој постојано го нагласувал е дека неговото крштение со вода е само подготовка за пречекот на Месијата, и дека Месијата Кој доаѓа е поголем од него. А токму Христос доаѓа на Јордан со барање да биде крстен, за да „ја исполни секоја правда.“ (Мт 3,15) Јован Го крштева Исус и Го претставува на народот како „Јагне Божјо кое на себе ги зема гревовите на светот“ (Мт 3,13-17) и за да „ја исполни секоја правда.“ (Мт 3,15 и Мк 1,9-11) Јован за Христос сведочелл како за вистински Бог и Син Божји и Спасител на светот (Кн 1,15-18, 19-38, 35-37 и Мк 1,9-11), при тоа вршејќи ја својата служба во „духот и силата на Илија.“ (Лк 1,17). Себе се сметал за недостоен да ги „одврзе ремчињата на неговите обувки“ (Јн 1,27)
Мачеништво
Како нестрашлив проповедник на богоморалниот живот, свети Јован не се воздржувал од упатување прекори на царот Ирод Антипа поради неговиот незаконски брак со Иродијада, жената на својот полубрат Филип (Мк 6,17), која во бракот ја донела и нејзината ќерка од претходниот брак (Светото Предание сведочи дека нејзиното име е Салома, Саломе). Поради тоа, Ирод го фрлил во темница во тврдината Махир, во пустината, и сакал да го убие. Од тоа го одвраќала помислата на народот, за кој свети Јован „важеше за пророк“ (Мт 14,5). На иродовиот роденден, за време на гозбата, Салима со своето танцување го воодушевила Ирод, кој пред сите ветил дека ќе ѝ подари сѐ што ќе посака, „па дури и половина царство“ (Мк 6,21-23). Откако мајка ѝ ја советувала, Салома ја побарала главата на светиот Јован Предтеча, и царот ѝ ја исполнил желбата: џелат му ја отсекол главата на славниот Христов пророк, и ѝ ја дал на девојката, а таа на својата мајка. Дознавајќи за тоа, учениците јованови го погребале остатокот на неговото тело. (Мт 14,6-12; Мк 6,21-29).
Празнување
- Зачнување - 6 октомври (23 септември ст.ст.)
- Рождество (Иванден) - 7 јули (24 јуни)
- Собор на св. Јован Крстител - 20 јануари (7 јануари), ден после Свето Богојавление;
- Отсекување на главата на свети Јован Крстител - 29 август (11 септември)
- I и II наоѓање на главата на св. Јован Предтеча - 9 март (24 февруари)
- III трето наоѓање на главата на св. Јован Предтеча - 7 јуни (25 мај)
Иконографија
Православната иконографија го изобразува на повеќе начини, од кои најкарактеристични се:
- Со крила, како пустински ангел, слично на пророштвото на Малахија дека ќе дојде во облик на ангел (Мал 3,1)
- Како стои со свитка и тексот: "покајте се ..." (Мт 3,2), а позади него има суво дрво под кое се гледа секира (Мт 3,10).
- Како кефалофорит - светител на кому му е отсечена главата, која ја држи во раце (и има крила).
- Како стои во пустина, со лавови позади него.
Во Македонија, карактеристична е чудотворната икона на свети Јован Крстител, која се наоѓа во Бигорскиот манастир посветен токму на свети Јован Крстител.
Мошти
Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот:
- Црквата св. Димитриј, Пиреја
- Музејот Бенаки, Атина
- Собата со свети мошти, Музејот Топкапи, Цариград (десната рака)
- Џамијата Умајад во Дамаск, Сирија
- Манастирот Цетиње, Црна Гора (десната дланка)
- Бигорскиот манастир,св. Јован Крстител, Македонија (дел од дланка)
Химнографија
Тропар
- глас втори
- Споменот за праведникот е со пофалби,
- а тебе ти е доволно и Сведоштвото Господово, Претечо.
- Навистина си се покажал најпочитуван меѓу пророците,
- зашто си се удостоил во река да Го крстиш Проповеданиот.
- Затоа со радост си пострадал за Вистината, и на оние им Го благовести Бога,
- Кој во тело се јави и го зема гревот на светот и ни дарува голема милост.