Разлика помеѓу преработките на „Велики Понеделник“
(New page: '''Велики Понеделник''' е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните д...) |
с |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | '''Велики Понеделник''' е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во [[Ерусалим]], неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. | + | '''Велики Понеделник''' е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во [[Ерусалим]], неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, символ на Еврејскиот народ во кој плод нма, но и на човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови. |
− | + | На овој ден, Црквата го споменува и старозаветниот патријарх, целомудрениот Јосиф Прекрасен, кој поради зависта на своите браќа бива продаден во Египет; на тој начин, овој старозавете патријарх е праобраз на безгрешното страдание на нашиот Спасител. Христос, како и Јосиф, станува жртва на зависта на Неговите браќа по крв и вера, и на ист начин е продаден и предаден. На крај, Јосиф завладејува со Египет, и ги храни своите браќа со леб, исто како што и Христос седнува на Својот Престол на мирот и нѐ храни сите нас со леб небесен, со Телото Свое и Крвта Своја. | |
− | |||
− | На | ||
== Нов Завет == | == Нов Завет == |
Преработка од 00:00, 21 април 2008
Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, символ на Еврејскиот народ во кој плод нма, но и на човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.
На овој ден, Црквата го споменува и старозаветниот патријарх, целомудрениот Јосиф Прекрасен, кој поради зависта на своите браќа бива продаден во Египет; на тој начин, овој старозавете патријарх е праобраз на безгрешното страдание на нашиот Спасител. Христос, како и Јосиф, станува жртва на зависта на Неговите браќа по крв и вера, и на ист начин е продаден и предаден. На крај, Јосиф завладејува со Египет, и ги храни своите браќа со леб, исто како што и Христос седнува на Својот Престол на мирот и нѐ храни сите нас со леб небесен, со Телото Свое и Крвта Своја.
Нов Завет
- Утрена: Матеј 21:18-43
- Литургија на претходно осветени дарови: Матеј 24:3-35
Стар Завет
- Шести Час: Езекиел 1:1-20
- Вечерна: Исход 1:1-20; Јов 1:1-12