Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Додаден 2.041 бајт, 11:21, 1 ноември 2007
New page: '''Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан''' беа од Арабија. По занимање беа лекари, но кога ја пр...
'''Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан''' беа од Арабија. По занимање беа лекари, но кога ја примија Христовата вера ги исцелуваа болните со името на Исус Христос. Заради ова чудотворно лечење за нив се расчу на сите страни.

Злобните незнабожци ги фатија и ги одведоа пред кнезот Лисиј во градот Егас. Бидејќи Светите браќа по никоја цена не сакаа да се одречат од Христа, најпрво ги фрлија во море, а потоа во оган. Но Семоќниот Бог ги спаси и од потоп и од оган. [[Ангел]] Господов им се јави спасувајќи ги. Незнабожечкиот кнез му го припишуваше ова на некоја нивна магија. А тие му одговорија: „Никаква магија не знаеме и не користиме, но ја имаме силата Христова којашто нѐ спасува и нас и сите што го повикуваат пресветото име Христово.“ Тогаш ги удираа со камења, но камењата се одбиваа од нив; ги стрелаа со стрели, но и стрелите се одбиваа. Најпосле ги обезглавија со меч.

Со нив пострадаа и примија венец на слава Светите Леонтиј, Антим и Евтропиј. Пострадаа во времето на Диоклецијан и Максимијан. Од нивните свети [[мошти]] се јавија многубројни чуда, како во времето кога беа живи.

{{МПЦ}}
[[Категорија:Маченици]]
3.103
уредувања

Прегледник