Промени

Прејди на: содржини, барај

Втор вселенски собор

Додадени 2.915 бајти, 14:08, 8 февруари 2010
нема опис на уредувањето
Исто така, осудени се следните еретици и нивните следбеници: евномијанците (по Евномиј Кизички), савелијанци (по Савелиј), фотиновци (по Фотин, Епископ Сирмјумски), аполинариевци (по Аполинариј Лаодикиски), маркелијанци (по Маркел Анкирски), а пред сите нив, осудени се духоборците (пневматомахи) или трпици, кои уште се наречени и македонијани, по Епископот Македониј, нивниот духовен отец. Духоборците во завршните соборски списи се нарекуваат и полуаријанци; на самиот Собор биле присутни дури 36 Епископи македонијани, предводени од Елевсиј Кизички. Тие признавале дека [[Господ Исус Христос|Синот Божји]] е единосуштен на [[Бог Отец|Отецот]], но не исповедале дека [[Светиот Дух]], Третата [[Ипостас]] на [[Света Троица]] е вистински Бог. Напротив, хулеле и сметале дека «Светиот Дух е створен, и дека не е достоен за божествено почитување и поклонување» Поради тоа што не се покајале, биле осудени и го напуштиле Соборот.
 
== Тек и одлуки ==
 
Со Соборот на почеток претседавал [[свети Мелетиј Антиохиски]] кој се упокоил додека Соборот траел. На тој начин, Антиохиската катедра останала испразнета, додека истовремено бил актуелен антиохискиот раскол со кој овој Собор исто така се занимавал. И покрај контроверзите околу изборот на Павлин зе Епископ, за наследник на Мелетиј бил избран презвитерот Флавијан. Во текот на Соборот, свети Григориј тешко ги прифатил критиките упатени поради наводното незаконско поставување на Цариградската Катедра, и тој се повлекол во местото Аријанз, каде и останал сѐ до упокојувањето во 390 година.
 
За Архиепископ Цариградски бил избран градоначалникот Нектариј, кој и претседавал со Соборот наместо упокоениот Мелетиј. На овој Собор се дополнил Символот на верата, добивајќи ја конечната верзија која до ден денес во неизменет облик се користи во Православната Црква. Најважно догматско дело на овој Собор е учењето за Бога Светиот Дух, содржано во осмиот член на Символот. Покрај овој член, дефинирани се уште 3 други со кои се исповеда верата во Црквата, Крштението, [[Воскресение]]то на мртвите и вечниот живот.
 
Светите Отци на Вториот вселенски собор, без употреба на зборот „единосуштен“, потврдуваат дека Светиот Дух е „''сопоклонуван и сославуван заедно со Отецот и Синот.''“ Аполинаријанството е отфрлено со додавањето на: „''од Светиот Дух и Марија Дева''“ во членот за раѓањето на Синот Божји.
 
Донесени се и седум [[канон]]и, кои ги регулираат правата на Епископите, првенството по чест, како и примањето на еретиците назад во Црквата.
 
== Видете исто така ==
* [[Вселенски собори]]
* [[Символ на верата]]
[[Категорија:Вселенски собори]]
[[Категорија:Никулци]]
3.103
уредувања

Прегледник