Разлика помеѓу преработките на „Ангели“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
((Од: Протојереј Јован Брија „Речник Православне Теологјие”))
Ред 8: Ред 8:
 
     * Сили - даваат сила за чудотворства и им помагаат на послушниците и слабите
 
     * Сили - даваат сила за чудотворства и им помагаат на послушниците и слабите
 
     * Власти – ги смируваат демоните, одбиваат искушенија, им помагаат на подвижниците
 
     * Власти – ги смируваат демоните, одбиваат искушенија, им помагаат на подвижниците
 
+
 
 
     * Начела – начелствуваат со пониските чинови, се грижат за државите, народите, племињата, нè учат да ги почитуваме старешините, и ги поставуваат достојните на старешинство
 
     * Начела – начелствуваат со пониските чинови, се грижат за државите, народите, племињата, нè учат да ги почитуваме старешините, и ги поставуваат достојните на старешинство
 
     * Архангели - благовестат, пророкуваат, ја закрепнуваат верата
 
     * Архангели - благовестат, пророкуваат, ја закрепнуваат верата

Преработка од 19:35, 22 ноември 2007

Ангелите се створени пред да биде створен светот.Ангелите според природата се божествени духови, второстепени светлини, нематеријален огнен пламен, брзодвижни умови. Тие се словесни, самовластни (имаат слободна волја самите да одлучуваат), според Божјата благодат се бесмртни, бавни се кон злото, но не и неизменливо добри. Сепак, сега навистина се неподвижни кон злото, но не според природата, туку според Божјата благодат и својата доброволна присност со Доброто. Се разликуваат според славата, достоинството и службата. Се делат во девет чинови, кои пак, се поделени во три иерархии:

   * Серафими – разгоруваат огнена љубов кон Бога
   * Херувими – просветуваат со премудрост и богопознание
   * Престоли - разумни и според благодатта богоносни, им даваат сила на правосудност на престолите на земните судии и владетели
   * Господства - господарат со пониските чинови кои не им се робови, туку служат со радост, им даваат сила и мудрост на земните господства, нè учaт да владееме со волјата и чувствата
   * Сили - даваат сила за чудотворства и им помагаат на послушниците и слабите
   * Власти – ги смируваат демоните, одбиваат искушенија, им помагаат на подвижниците
  
   * Начела – начелствуваат со пониските чинови, се грижат за државите, народите, племињата, нè учат да ги почитуваме старешините, и ги поставуваат достојните на старешинство
   * Архангели - благовестат, пророкуваат, ја закрепнуваат верата
   * Ангели – ги пренесуваат Божјите тајни и намери, поттикнуваат на добродетел

Само највисокиот чин прима светлина и познание од самиот Бог, а сите пониски чинови се просветуваат и ги примаат тајните од повисоките чинови. Тие копнеат по светлината и Божјото познание, па, Бог и на човекот му ги открива тајните на својот домострој преку нив, не затоа што тие му се неопходни, туку зато што во тоа „ангелите сакаат да ѕирнат” (1.Пт. 1:12). Не им треба ни јазик за говор ни уши за слушање, туку без изговорен збор ги предаваат еден на друг своите мисли и одлуки. Тие секогаш прават само едно: му служат на Бога и го фалат со песна.

Сите тие заедно се нарекуваат ангели (вестници), затоа што сите се Божји служители, учествуваат во нашето спасение. Иако тоа не е нивната единствена служба, тие заради неа од Светиот Дух во Светото Писмо го добиле името. Според тоа и серафимите како највисок и на Бога најблизок чин се нарекуваат архангели (т.е. “први ангели”), што во овој случај не е име на чинот, туку на службата (за да не ги поистоветуваме со осмиот ангелски ред); архангели (серафими) има осум: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Јеремиил, Салатиил, Јегудиил, Варахиил. Секој од нив, пак, има различна задача: свети Михаил, на пример; да ја брани православната вера и Божјиот народ, свети Гавриил да благовестува…

Ангелите се создадени повисоки од нас (Пс 8:6), бидејќи немаат тела, ниту телесни страсти. Телесно не се ограничени, не добиваат облик според законите на материјалниот свет, не се попречувани од созданието и материјалните предмети, не се подложни на земните закони на времето и просторот, но се просторно и временски ограничени, зашто им е потребно движење со определена (иако надразумно голема) брзина и време (иако несфатливо кратко) да преминат од едно место на друго. Велиме дека се бестелесни (зашто немаат тело како нашето) односно имаат фини “воздушни” (етерни) тела. Навистина бестелесен и асполутно нематеријален е само Бог. На лауѓето, како што вели свети Василиј, секогаш им се јавуваат во облик на своите тела, иако, како што вели свети Јован Дамаскин, не онакви какви што се, во целосниот и застрашувачки сјај, туку во сјај што е приспособен на нас. Ито така, можат да земаат облик каков што Бог ќе им заповеда, на пр; на човек, или на облак, или на огнен/светлоносен столб. Но, некои Отци посебно нагласуваат дека ангелите и сите создадени духови во својот сопствен облик имаат човечки лик.

Тие нè застапуваат пред Бога, молејќи се за нас и со нас, а ни ги донесуваат Божјите дарови. Според схемата на деветте ангелски чинови на земјата постои соборностната Православна Црква.