Разлика помеѓу преработките на „Правoславие“
(→Историски пресек) |
с (→Основни обележја) |
||
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од истиот корисник) | |||
Ред 21: | Ред 21: | ||
Православието на моралот не гледа како на посебна филозофска област, туку моралот го изведува од догматиката, со што тој станува практична примена на догмите, односно начин на спасување на човековата душа. Целта на православниот морал е самиот Исус Христос. | Православието на моралот не гледа како на посебна филозофска област, туку моралот го изведува од догматиката, со што тој станува практична примена на догмите, односно начин на спасување на човековата душа. Целта на православниот морал е самиот Исус Христос. | ||
+ | |||
+ | == Видете исто така == |
Последна преработка од 12:12, 4 јуни 2015
За повеќе информации за Православната Црква, погледнете ја статијата Вовед во Православие.
Православие, како термин доаѓа од старословенскиот збор православьнь, кој се формирал во 14 век, како превод на грчкиот збор ορθόδοξος, кој значи: оној кој правилно мисли, верува - правоверен, од грчки όρθός - прав, исправен, и δόξα - мислење, мисла. Во грчкиот јазик изведен е и глаголот όρθοδοξέω - да мислиш исправно, да имаш здраво мислење. Оттука е изведена и придавката ορθόδοξος, од која е изведен обликот Ορθοδοξία (ортодоксија) - правилна вера, или исправно мислење за верата. Со терминот православие се означува правилно теолошко или доктринско религиозно верување, определено од некое набљудувачко тело.
Содржина
Историски пресек
Рана Црква
Вселенски собори
Покрстување на Словените
Расколот од 1054 година
Обиди за унија
Турско ропство
Комунизам
Современо православие
Основни обележја
Православието начелно одбива да биде сметано за една од христијанските конфесии и деноминации, или своето учење да го поистовети со некаков конфесионален текст. Напротив, православните христијаните сметаат дека православието е самата вистина на Господ Исус Христос изразена преку соборноста, односно преку искуството на Црквата која пак, е вистинска заедница во Светиот Дух. Православието примарно се заснова на богопочитувањето на Бог Троица, а потоа на почитувањето на Богородица и Светите Отци. Според православието, Богородица е „почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите“. Светите Отци во православието се сметаат за сомолитвеници и помошници во човечкото општење со Бога; иконите претставуваат место на благодатно присуство и прозорци кон Небото.
Православните богослужби (заеднички молитви, совршување на Свети тајни) се разновидни, обемни и сложени.
Православието на моралот не гледа како на посебна филозофска област, туку моралот го изведува од догматиката, со што тој станува практична примена на догмите, односно начин на спасување на човековата душа. Целта на православниот морал е самиот Исус Христос.