Разлика помеѓу преработките на „Корисник:Iacovibus“
с (→a) |
с (Заштитена "Корисник:Iacovibus" [edit=sysop:move=sysop]) |
(нема разлика)
|
Преработка од 17:15, 30 септември 2007
Почеток
Јас сум Милан и сум сисоп администратор на македонската локализација на Православната енциклопедија OrthodoxWiki. Доколку имаш било какво прашање, слободно можеш да ме исконтактираш преку мојата разговорна страна. Исто така, слободно може да ми испратиш елетронска пошта преку Е-mail this user врската која се наоѓа во кутијата со алати (toolbox) во долниот лев агол, или пак директно да ми пишеш или контактираш на gtalk на следната адреса: jakovcevski @ gmail.com.
Мотиви
a
„Кога умот се наоѓа во Бога, тој најпрвин, поради пламена љубов, бара да ја разбере Неговата суштина, но наоѓа утеха не во познанието коешто е во Бога, затоа што тоа е невозможно и подеднакво недостижно за секое создадено суштество, туку во познанието на она што е околу Него, како што се вечноста, бескрајноста, благоста, премудроста, сетворечката, сепромислувачка и судителна сила. И во Него, само тоа е постигливо за секого, зашто Тој е беспределен и самото спознание на Неговата неспознатливост е знаење што го надминува умот, како што негде рекоа богословите св. Григориј и св. Дионисиј.
Св. Максим Исповедник
б
„За трудот на полето на Православието да вроди со плод, потребно е да избереме тесна, речиси непроодна патека, со молитва и солзи, и тогаш да го расчистуваме патот пред себе. Кога имаме премногу слобода, пари, избор и идеи, премногу лесно гледаме на работите. Зарем не треба тогаш да Му благодариме на Господа за патењето и искушенијата - затоа што само во нив е нашата надеж?!“
Отец Серафим Роуз
Псалм 22
Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува,
Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,
ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата
заради името Свое. Кога би тргнал и по долината на смртна
сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене;
Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат.
Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои,
си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја
ме напојува со блаженство. И милоста Твоја така да ме придружува
преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам
во домот Господов многу дни.