Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Тајни

Додадени 1.700 бајти, 20:46, 31 јануари 2008
Значење
* Миропомазанието е Света Тајна во која преку помазување на одредени делови од телото (чело, уши, нос, уста, гради, рамена, раце и нозе) со Свето миро, во името на [[Пресвета Троица]], на крстениот му се даваат посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, осветуваат и усовршуваат во духовниот живот (Мт.3.16; Мк.1.10; Лк.3.2). Се извршува после Светото Крштение. Тоа што за телесното напредување на новороденчето е мајчиното млеко, тоа за духовниот напредок на новокрстеното новороденче е Светото Миропомазание.
* [[Света Евхаристија|Светата Евхаристија]], односно Причеста по зборовите на [[Свети Теодор Студит]] преставува повторување на целиот Домострој на спасението. Овде човекот во вид на леб и вино се причествува за вечен живот со вистинското тело и крв на Својот Спасител [[Господ Исус Христос]] (Мт.26.26-28; Лк.22.19). Светата Евхаристија се припрема и прима за време на [[Света Литургија|Светата Литургија]], а е востановена од самиот Господ Исус Христос. Постојат поделени мислења околу тоа колку често треба некој да се причестува. Секој верник ова прашање го решава со својот [[духовник]].
* Целта на Св. тајна Покајание е повторно да нѐ измири со Бога. Секој [[грев]] нѐ одвојува од Бога, но покајанието е лек за секој грев, а со тоа и лек за секоја духовна смрт. Нема грев од кој човек не може да се ослободи преку покајанието и покајничката исповед (Мт.18.18; Јн.20.23). Епископите и свештениците, како наследници на Светите апостоли ја имаат моќта да опростуваат гревови. Во некои случаи, зависно од тежината на гревовите кои се исповедани, свештеникот одредува и [[епитимија]], односно дополнителна мера за увидување на грешките, која може да биде во вид на додатен пост, молитвено правило, милосрдие или забрана за причестување на определено време, согласно каноните. * Свештенството е тајна во која Св. Дух преку молитва и полагање на раце од страна на [[епископ]] за време на [[Света Литургија]] дава на правилно избрано лице, благодат за вршење на Св. Тајни и раководење на Христовото стадо во вера и побожност. Значи, свештеникот станува посредник пред Бога по примерот на Христа (Тит 1.5). Во оваа тајна постојат три чина: ѓаконски, свештенички и епископски. И оваа Света Тајна е востановена од Господа Христа, а ја вршеле неговите свети ученици. * Бракот е Св.Света Тајна во која младоженецот и невестата ред пред свештеникот и Св. Светата Црква, даваат слободно ветување на брачна верност и взаемна помош во нивниот евангелски живот, поради законско раѓање и христијанско воспитување на деца (Јн.2.2; Еф.5.31-32; Д.ап.20.28). Бог уште во рајот ја осветил брачната врска кога го благословил Адама со Ева. Самата тајна се извршува во средината на Црквата, пред Светиот Крст и Светото Евангелие. * Елеосвештенството е Св.Тајна, во која на христијанинот со осветен му се помазуваат одредени делови од телото и, невидливо му се дава благодат Божја, која ги исцелува не само духовните туку и телесните болки (Јак.5.14-15). И оваа Света Тајна е востановена од Господа Исуса Христа. Се извршува над тешко болни верници за излекување од нивните болести. Исто така, оваа Тајна се извршува и за осветување на новоизградени домови.
== Циклуси ==
3.103
уредувања

Прегледник