Промени

Прејди на: содржини, барај

Икона

Додадени 94 бајти, 14:32, 10 јануари 2008
с
Иконите во историјата на Црквата
Црковниот став кон култот на иконите постепено се искристализирал низ повеќе етапи. Орегон и Тертулијан не зборуваат во прилог на иконите, ниту пак тоа го прави Јевсевије Кесарински (263-339), кој сепак признавал дека видел икони кои ги претставуваат Христос и Апостолите. Во тоа време актуелна била дебатата околу автентичниот лик Христов. Така на пример, првите икони на кои е прикажан ликот на Исус Христос Го претставуваат како млад маж без брада. Дури потоа е прифатена иконата каде Тој е прикажан со брада и долга коса. Овој факт треба да се има в предвид кога се говори за функцијата која иконите ја имаат. Истовремено (додека иконите не биле униформирани) се развила контроверзна дебата околу тоа кој начин на Негово прикажување треба да биде општоприфатен. Првиот, или „семички“ начин Го претставувал Христос со кратка коса; вториот начин, пак, Го прикажувал Христос со брада и долга коса, разделена на половина.
При разгледувањето на иконите во рамките на Христијанството првенствено мора да се има на ум дека Христијанството е старозаветна религија (значи, потекнува од [[Јудаизам|Јудаизмот]]), создадена во време кога во Јудаизмот постоела голема загриженост околу [[идолопоклонство|идолопоклонството]]. При тоа, не постои никакво сведоштво за правење или користење на насликани икони од страна на Христијаните во [[Нов Завет|Новиот Завет]]. Како и да е, поради непостоењето на никаков запис не може да се рече дека тоа само по себе е доволно како аргумент против употребата на иконите. Напротив, како што вели [[Свети Јован Богослов|Апостол Јован]], „И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга“ ([[Јов 20:30]]). Уште повеќе, логично е да се заклучи дека и самите апостоли сториле или кажале многу повеќе нешта, отколку што е запишано во Библијата, што од своја страна говори дека ние ги немаме во целост учењата, активностите и говорите на светите Апостоли.
Иако зборот eikon е забележан во Новиот Завет, ја нема конотацијата која денешните православни верници ја имаат. Сепак, од друга страна, многубројните [[катакомби]] и катакомбни Цркви од ранохристијанскиот период изобилуваат со голем број на насликани икони.
После признавањето на Христијанството во Римското Царство за време на владеењето на [[св. свети Цар Константин]] ([[Прв вселенски собор|Соборот во Никеја]]), и неговото прифаќање како официјална државна религија за време на Теодосиј I, христијанската уметност почнала да се менува. Оаа промена е резултат пред сè на слободата која Христијаните ја добиле во однос на изразувањето и декларирањето на нивната религија. Тогаш и за прв пат се појавиле сликите на мачениците, а со нив почнала да се шири и критиката за идолопоклоничката и паганска позадина која тие (наводно) ја имале. Од друга страна, бројни биле и поборниците за употребата на иконите, посочувајќи примери кога пророците од [[Стар Завет|Стариот Завет]] сонувале сонови во кои им се појавувале повеќе небесни фигури, вклучувајќи ја и визијата на [[Данаил]], кому Бог му се појавил како старец.
Во овој период, исто така, за прв пат се споменува и иконата на Пресвета [[Пресвета Богородица]]; како автор на оваа икона Теодор Лектор во неговата Историја на Црквата го посочува [[Апостол свети апостол и евангелист Лука]]. Бројот на икони чие авторство се припишува на овој Апостол во иднина ќе се зголеми.
[[Св. Свети Василиј Велики]] ја споредува функцијата на општење кон иконата со функцијата на зборовите: „што е зборот за слушање, тоа е иконата за видот“. [[Св. Свети Јован Златоуст]] вели дека иконата е гаранција на стварноста, видливо Овоплотување на Бога. [[Св. Свети Јован Дамаскин]], пак, ја одредил теологијата на иконата во нејзината класична форма. За него иконата почива на фактот на вселување на човековата природа во ипостасот на Логосот. На крај, со [[Седми вселенски собор|Седмиот вселенски собор]] (Никеја, Витинија, 788г.) повикан против иконоборството, со придонес на Патријархот Тарасија (784-806г.) го одредува православното учење за иконографското претставување на Христос, Мајката Божја, ангелите и светителите.
== Црковни канони за иконите ==
3.103
уредувања

Прегледник