Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети свештеномаченик Акепсим

Додадени 2.484 бајти, 13:28, 15 ноември 2007
New page: Осумдесетгодишниот '''старец Акепсим''', исполнет со секоја христијанска добродетел, еден ден седеше ...
Осумдесетгодишниот '''старец Акепсим''', исполнет со секоја христијанска [[добродетел]], еден ден седеше во својот дом со гости. Притоа едно дете исполнето со благодатта на Светиот Дух му притрча на стариот епископ, го целива во главата и рече: „Блажена е оваа глава, зашто за Христа ќе прими маченички венец!“

Ова пророштво наскоро се обвистини. Царот Савориј покрена луто гонење на христијаните по цела Персија, па беше фатен и Акепсим и го изведе пред некој идолски кнез. На уапсениот и врзан [[епископ]] му пристапи некој од неговите домашни и го праша што заповеда во поглед на неговиот дом. Светителот му одговори: „Тоа веќе не е мој дом, јас неповратно одам во вишниот дом.“ После големи мачења го фрлија во затвор. Во истиот затвор утредента ги доведоа Јосиф и Ајтал, од кои Јосиф беше седумдесетгодишен старец презвитер, а Ајтал [[ѓакон]]. После три години затвор и многу маки на Акепсим му ја отсекоа главата, а Јосиф и Ајтал ги закопаа во земја до бедрата и бездушниците им наредија на христијаните да ги удираат со камења. По Божја Промисла телото на Јосиф ноќта исчезна, а над Ајталовото тело израсна дрвото марсина, коешто исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето. Ова траеше пет години, а потоа завидливите незнабожци го исекоа дрвото. Овие Христови војници пострадаа во 4 век во Персија, за време на незнабожниот цар Савориј.

{{МПЦ}}
[[Категорија:Маченици]]
3.103
уредувања

Прегледник