Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети маченици Маркијан и Мартириј

Додадени 2.703 бајти, 13:49, 4 ноември 2007
New page: '''Светите маченици Маркијан и Мартириј''' беа клирици при цариградскиот патријарх Павле во времето н...
'''Светите маченици Маркијан и Мартириј''' беа клирици при цариградскиот [[патријарх]] Павле во времето на царот Констанциј. По смртта на великиот [[Свет цар Константин|цар Константин]] [[Ариева ерес|Ариевата]] [[ерес]], којашто дотогаш беше пригушена, повторно заживеа и зеде замав. Па и самиот цар Констанциј клонеше кон таа ерес. На царскиот дворец имаше двајца влијателни големци, Евсевиј и Филип, обајцата ревносни аријанци. Под нивно влијание патријархот Павле беше симнат од престолот и протеран во Ерменија, каде што Аријанците го удавија.

Патријаршискиот престол го зазеде злочестивиот Македониј. Во тоа време, кога [[Православие]]то имаше пред себе две лути борби, една со [[незнабожци]]те друга со [[еретици]]те, Маркијан и Мартириј се заложија за Православието со сета сила и одлучност. Маркијан беше [[чтец]], а Мартириј [[ипоѓакон]] при соборната црква и под патријархот Павле беа патријархови нотари. Аријанците се обидоа најпрво да ги потплатат, но кога овие Свети мажи го одбија тоа, тие ги осудија на смрт. Кога ги изведоа на губилиштето, ги воздигнаа рацете и Му се помолија на [[Бог]]а благодарејќи Му за маченичкиот крај на својот живот: „Господи, се радуваме што од овој живот излегуваме со ваква смрт. Удостој нѐ да бидеме причесници на животот вечен, Ти Којшто нам Си ни живот!“

Тогаш ги потклонија своите глави под мечот и беа обезглавени, во 355 година. Над нивните чудотворни [[мошти]] подоцна во нивно име подигна [[црква]] [[Свети Јован Златоуст]].

{{МПЦ}}
[[Категорија:Маченици]]
3.103
уредувања

Прегледник