Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Јулијан и Дидим Слепецот

Додадени 1.583 бајти, 11:29, 1 ноември 2007
New page: '''Св. Јулијан''' наречен Пустиник беше Персијанец и селанец без школо, но заради чистотата на своето срц...
'''Св. Јулијан''' наречен Пустиник беше Персијанец и селанец без школо, но заради чистотата на своето срце беше сад исполнет со [[благодат]]та на [[Светиот Дух]]. Се подвизуваше покрај Еуфрат во Месопотамија. Имаше дар на [[проѕорливост]]. Во мигот кога загина Јулијан Отстапник, Свети Јулијан тоа го проѕре со духот и им го објави на учениците.

Неговиот современик, Св. Дидим Слепец во Александрија, исто така ја проѕре со духот погибелта на Јулијан: беше на [[молитва]] ноќе кога му дојде глас од небото: „Денес загина царот Јулијан; извести го за тоа патријархот Атанасиј.“ [[Свети Антониј Велики]] многу го уважуваше овој чудесен слепец Дидим, којшто имаше проѕорлив дух и навраќаше кај него кога од пустината одеше за Александрија; и заедно Му се молеа на Бога. Овие двајца прекрасни слуги Господови, Св. Јулијан и Св. Дидим, се упокоија по 362 година.

{{МПЦ}}
[[Категорија:Светци]]
3.103
уредувања

Прегледник