Промени

Прејди на: содржини, барај

Преподобна Параскева

Одземени 102 бајти, 16:56, 27 октомври 2007
Житие на преподобна Параскева Епиватска
Два века по смртта на света Параскева, со Константинопол и околината владееле крстоносците. Во 1238 г. бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. Тогаш царот го испратил блажениот Марко, митрополитот Преславски, со многу епископи и свештеници, за светите мошти на преподобната да ги пренесат во Трново. Во Трново светите мошти биле свечено пречекани и положени во придворната црква, каде што, почивајќи негнилежно, точеле разновидни исцеленија на сите што со вера им пристапувале.
Кога турскиот султан Бајазит (1389-1402) го зазел Трново, моштите на света Параскева се пренесени во Валахија (Романија). А, кога во 1396 г. и Романија паднала под Османлиската власт, српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ѝ дозволи да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил и моштите на светицата биле пренесени во Белград, на месноста Калемегдан. Кога во 1521 г. султанот Сулејман II го зазел Белград, ги запленил и светите мошти на света Параскева и ги поставил во своите дворци. Таму почнале да се случуваат чудеса, па затоа освен христијаните, светицата почнале да ја слават и муслиманите. Тоа ги загрижило муслиманите, и тие плашејќи се верата во чудотворната сила од светите мошти на света Параскева да не се прошири уште повеќе меѓу муслиманите, а и заради молбите и застапништвата на христијаните, ги предале овие свети мошти на константинополските христијани, кои чесно ги положише во Патријаршиската црква.
Во 1641 г., на 14 октомври, војводата Василиј Лупул, војводата на Молдавија, добил вест дека светите мошти на преподобна Параскева се наоѓаат во Патријаршиската црква. Тој од сето срце посакал тие чесно да бидат пренесени во неговата држава. Оваа негова желба, Господ Кој се слави во неговите свети, ја помогнал и посакувајќи и во Молдавија да ја прослави својата светителка, Тој го вдахнал Цариградскиот патријарх Партениј да го исполни барањето на Молдавскиот господар. Тогаш патријархот, со согласност на целиот свештен собор и со дозвола на другите пресвети патријарси, ги испратил чесните мошти на нашата преподобна мајка Параскева на благочесгивиот господар, војводата Василиј, во неговиот престолен град Јаши. Таму ги пренел во градот Јаши, во црквата. Во 1641 г., на 14 октомври, со голема свеченост и огромна радост на жителите на цела Молдавија, нераспаднатите мошти на света Параскева биле положени во Соборната црква на градот Јаши „Св.Три Ерарси”, каде што се наоѓаат и денес.

Прегледник