Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Пајсиј Светогорец

Додадени 4.035 бајти, 20:50, 7 септември 2016
Создадена страница со: мини|десно| Свети Пајсиј Светогорец '''Свети Пајсиј...
[[Податотека:Γέροντας_Παίσιος.jpg|мини|десно| Свети Пајсиј Светогорец]]
'''Свети Пајсиј Светогорец''' е еден од најважните и најпочитуваните светогорски старци на 20 век.

Роден е на 25 јули 1924 година во селото Фараса во Кападокија. Неговиот татко Продромос бил градоначалник на Фараса и многу побожен човек. Духовник на семејството бил познатиот свети Арсениј Кападокијски. Свети Арсениј лично го крстил на 7 август 1924 година. Само по една недела отоманските Турци насилно ги протераа Грците од Кападокија. Неговото семејство заедно со бегалците од Фараса по многу искушенија пристигна во пристаништето Пиреја во Грција, каде што остана.

По учеството во грчката граѓанска војна, во 1949 година, тој заминува на Света Гора. Таму тој се замонашил во [[Манастир Есфигмен|манастирот Есфигмен]] во 1954 година, земајќи го името Аверкиј. Во истата година, со благослов на [[Манастир Есфигмен|Есфигмен]] заминува кон [[Манастир Филотеј|манастирот Филотеј]] каде што станал ученик на отец Симеон. Во 1956 година потстрижан е во мала схима и потоа го зема името Пајсиј. Во 1962 година, тој заминува во Синајската гора. Две години подоцна, поради болест тој се вратил во [[Света Гора]] во скитот Св. Архангел на манастирот [[Манастир Ивирон| Ивирон]].

Во 1966 година, сериозно се разболeл и остатокот од својот живот имал здравствени проблеми. Кон крајот на 1967 година, тој заминува местото Катунакија, поточно во Ипатиевата ќелија на [[Манастир Голема Лавра|манастирот Голема Лавра]].

Следна 1968 година старецот Пајсиј оди во манастирот [[Манастир Ставроникита|Ставроникита]] каде што станува ученик на отец Тихон, кој живеел во ќелијата на Светиот крст. По смртта на старецот Тихон тој се населил во неговата ќелија, каде што живеел до 1979 година кога се преселил во [[Манастир Кутлумуш|манастирот Кутлумуш]], односно скитот на манастирот со име Панагуда.

Во 1988 година, старецот тешко се разболел од рак. Последните денови ги поминува надвор од [[Света Гора]] во женскиот манастир „Свети Јован Богослов“ во Суроти во близина на Солун. Таму тој починал на 12 јули 1994 година. Канонизиран е од страна на Вселенската Патријаршија на 13 јануари 2015 година и се прославува на 12 јули, по Новојулијанскиот календар, односно на 29 јуни, според Јулијанскиот календар.
16
уредувања

Прегледник