Промени

Прејди на: содржини, барај

Ориген

Додадени 2.340 бајти, 19:44, 31 јануари 2014
с
нема опис на уредувањето
{{никулец}}
'''Ориген''' (грч: ὨριγένηςἈδαμάντιος, Oриген Адамантиј) е еден од најталентираните богослови и философи на Црквата, учител во Александриската школа во Православието кој дал огромен придонес во развојот и напредокот на богословските науки. Постхумнно бил екскомунициран осуден и одлачен од Црквата, и добар дел од неговото учење е обележано било отфрлено како спротивно на [[Свето Предание|Преданието]] и [[Ерес|еретичко]].  ==Живот== Ориген бил роден во Александрија како најстаро од седумте деца на неговите родители. Уште како дете покажувал извонреден талент. Неговиот татко се викал Леонид, и бил учител по грчки јазик, кој му овозможил добро образование. Од мајка му, која била Еврејка и со која честопати ги пееле библиските псалми, Ориген го научил и еврејскиот јазик. До својата седумнаесетта година стекнал толку голема слава, што неговиот татко бил познат по него, како »Леонид, татко на Ориген«.  Во 202 година по Христа, за време на владеењето на [[Септимиј Север]] дошло до голем прогон на христијаните, и неговиот татко, одбивајќи да го негира Христовото постоење, бил грабнат од неговиот дом и одведен во Кесарија. Додека неговите домашни исплашени се криеле, Ориген побарал да го следи својот татко на маченичкиот пат. Мајка му, гледајќи дека неговите намери се искрени, му ги сокрила обувките. Сепак, тоа не го спречило во намерата, и босоног тој тргнал по неговиот татко: Гледајќи како војниците го бијат, тој му довикувал и го преколнувал, храбрејќи го да не се откаже од верата и маченичкиот венец поради нив. По смртта на татко му, според законите, римските власти го заплениле сиот имот, оставајќи го неговото осиромашено семејство во тешка материјална состојба.
[[Категорија:Еретици]]
[[Категорија:Никулци]]
3.103
уредувања

Прегледник