Промени

Прејди на: содржини, барај

Недела на блудниот син

Додадени 2.870 бајти, 12:03, 2 март 2013
Создадена страница со: frame|right|Параболата за блудниот син Неделата на блудниот син е ...
[[Image:Parable of the Prodigal Son.JPG|frame|right|Параболата за блудниот син]]
Неделата на блудниот син е втората подготвителна недела за Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на митарот и фарисејот, а по неа следи Неделата на Страшниот Суд.

Во оваа подготвителна недела, Црквата се сеќава на Христовата парабола за големината на Божјата љубов и проштевање, односно параболата за блудниот син (Лука 15,11-24). Секој христијанин треба да увиди дека е далеку од домот на својот Отец, да се покае и да појде кон него, кадешто и припаѓа. Параболата нè уверува дека Отецот небесен ќе нè прими во Своите прегратки со голема радост, особено доколку истраеме на патот на Великиот пост којшто претстои.

==Химнографија==
===Кондак===
:глас трети

:Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно,
:на зло го потрошив богатството што ми го предаде.
:Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив
:пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и,
:како еден од Твоите наемници, направи ме.

===Икос===

:Секој ден Спасителот ни зборува, за да нè
:научи со Својот сопствен глас. Да слушнеме што
:вели Писмото за блудниот (син), и со вера да
:го подражаваме неговото добро покајание. На Оној
:што ги знае тајните на сите, со смиреност на срцето
:да извикаме: Ти згрешивме, Оче Штедар, и никогаш
:не сме достојни да се наречеме чеда како порано. Но,
:бидејќи си човек по природа, прими ме Ти и направи
:ме како еден од Твоите наемници.

==External link==
*[http://agapi.mk/vospitno-predavanje-za-mladite/ Воспитно предавање за младите преку параболата за блудниот син] на св. Јован Шангајски.
[[Категорија:Пост]]

[[en:Sunday of the Prodigal Son]]
[[fr:Dimanche du Fils prodigue]]
[[ro:Duminica Fiului Risipitor]]
3.103
уредувања

Прегледник