Промени

Прејди на: содржини, барај

Голема ектенија

Додадени 2.478 бајти, 20:55, 24 септември 2011
New page: {{Литургија}} Голема ектенија (грч. η μεγάλη συναπτή) е првата ектенија на Литургијата, но и на вечерната,...
{{Литургија}}
Голема ектенија (грч. η μεγάλη συναπτή) е првата ектенија на Литургијата, но и на вечерната, утрената и другите богослужби. Затоа што поголемиот дел на прозби во неа започнуваат со зборовите „Во мир на Господа да се помолиме“, се нарекува и мирна ектенија, ириника (грч: τα ειρηνικά). Големата ектенија има дванаесет прозби, и завршува со возглас. Во неа се наоѓаат прозби за Црквата и нејзината јерархија, за граѓанската власт, градот или селото во кое се богослужи, за оние кои патуваат, боледуваат, работаат, и за сите потреби на христијаните. На крајот следи молитвено обраќање кон Пресвета Богородица со седум високи епитети (пресвета, пречиста, преблагословен, славна, владичица, Богородица и секогашдева Марија).

Една молитва која е многу слична со големата ектенија е сочувана во посланието на св. Климент Римски до Коринтјаните (околу 90-100 год. по Христа). Денешната голема ектенија е тесно поврзана со ѓаконските молитви во Заветот на нашиот Господ Исус Христос (дело кое потекнува од 3 век) и Апостолските установи (4-5 век). На прозбите од големата ектенија уште од 4 век се одговара со „Господи помилуј“, што се смета за литургиски извор на исусовата молитва. Доколку на богослужбата е присутен ѓакон, тој ја изговара големата ектенија, и тоа од амвонот, а возгласот, чија тема е славата Божја, ја изговара свештеникот.
[[Категорија:Литургика]]
3.103
уредувања

Прегледник