Промени

Прејди на: содржини, барај

Јован Пергамски (Зизиулас)

Додадени 4.414 бајти, 09:04, 17 септември 2010
Критика
==Критика==
 
Како и повеќето теолози вклучени во богословски дијалози, и Јован Зизиулас минува низ процес на преиспитување и критика од страна на црковната јавност и творци, околу неговите богословски дела и мисла, особено од областа на патристичките корени на неговата теологија на личноста, како и неговите погледи на [[еклисиологија]]та и перспективите на екуменските односи.
===Теологија на личноста===
* Лукијан Турческу, во неговото дело „Личноста наспроти индивидуата, и други современи погрешни читања на Григориј од Нисса“ аргументира дека „(Зизиулас) греши кога заклучува дека Кападокијците личноста не ја разбирале како индивидуа, или кога им припишува истата проблематика со која ние се соочуваме при борбата со индивидуализмот денес“.
**На оваа критика одговор дал Аристотел Папаниколау во статијата „Дали Јован Зизиулас е скриен егзистенцијалист? Одговор на Лукијан Турческу“, како и од самиот Митрополит во неговата книга „Заедничарење и различност“, страни 171-177.
* Родољуб Лазиќ, во неговата контроверзна книга „Новотарската теологија на Митрополитот Зизиулас“ објаснува зошто тој верува дека делата на Зизиулас се разликуваат од традиционалното Православие и аргументира дека постои поврзаност помеѓу екуменската ориентација на Митрополитот Пергамски и неговата теологија.
* Во едно писмо, Архиепископот Хрисостом од Етна (схизматик од старокалендарскиот раскол) изјавува дека о. [[Јован Мејендорф]] и Митрополитот Јован (Зизиулас) се западни теолозиј, за разлика од о. Георгиј Флоровски (професор на Зизиулас)
 
===Еклисиологија и екуменски односи===
* Во едно интервју на Ариепископот Стилијан Австралиски, тој го критикува Зизиулас за неговиот однос кон унијатизмот, доведувајќи го во прашање неговиот статус на систематски богослов.
* Јеромонахот Патапиј (схизматик од старокалендарскиот раскол), во неговата статија „Традиционалистичка Критика на Православната Црква“ ја критикува наводната екуменистичка Баптистичка теологија на Митрополитот Јован
* Во една статија од 1971 година, околу претстоечката унија меѓу Православните и Монофизитите, Митрополитот Јован се посочува како пример на неуреден теолог во однос на неговите погледи на Севериј Антиохиски.
 
Останатите критичари го разгледуваат неговиот однос со неправославните извори во неговата богословска мисла, посочувајќи го влијанието на француските католички теолози Хенри де Лубак и Ив Конгар, како и Мартин Бубер и Џон Мекмуреј.
 
==Надворешни врски==
*[http://www.google.com/notebook/public/12711690312044536402/BDQpBQwoQsNvyxpsi Листа на делата на Јован Зизиулас]
3.103
уредувања

Прегледник