Промени

Прејди на: содржини, барај

Александар Шмеман

Нема измена во големината, 11:24, 4 јули 2010
с
Биографија
Отец Александар Шмеман е роден во Естонија, во семејство на руски имигранти. Неговото семејство се преселило во Франција, каде што се школувал. Се оженил со Јулијана Осоргун во 1943 година, пред да ги заврши богословските студии на Православниот богословски институт Св. Сергиј во Париз, и бил ракоположен за свештеник во 1946 година.
Од 1946 до 1951 година, о. Александар предавал Црковна историја на Св. Сергиј. Во 1951, бил поканет во богословијата Св. Владимир во Њујорк, каде што предавал од 1851 1951 година, сѐ до крајот на животот. Од 1962 година бил и декан на богословијата. Исто така, бил и соработник - професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк Универзитетот, Унијата на богословии и Генералната богословија во Њујорк. Неговиот главен фокус во Св. Владимир било литургиското богословие, кое посебно внимание придава на литургиското предание на Црквата како главен знак и израз на христијанската вера.
Се здобил и со протопрезвитерски чин. Му биле доделени почесни докторати од Батлер Универзитетот, колеџот Лафајет, Ајона колеџот и Грчката православна богословија „Свет Крст“. Бил православен набљудувач на Вториот ватикански собор на Римо-католичката Црква од 1962 до 1965 година.
1
уредување

Прегледник