Промени

Прејди на: содржини, барај

Вселенски собори

Додадени 1.613 бајти, 09:32, 8 мај 2010
с
нема опис на уредувањето
Вселенските собори се свикувале поради некој актуелен проблем или погрешно учење, а често и византиските императори учествувале во нивната работа. Се одржале се на се седум вселенски собори. Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат [[Догма|догми]] (кои имаат доктринска содржина) и [[канон]]и (кои имаат дисциплинска содржина). Многу светители кој Православната Црква ги празнува биле учесници на Вселенските Собори. Вселенските собори се базираат на принципот на [[соборност]], и соборно одлучување кој е мошне важен за Православната црква, за разлика од римокатоличката кај која што папата е непогрешив критериум во донесувањето одлуки. Сепак и Православната и Римо-Католичката Црква ја признаваат важноста и одлуките на соборите одржани до 1054 година.
==Надворешни одлики на Вселенските собори== Во надворешните одлики кои се заеднички за Вселенските собори, спаѓа учеството на претставници на сите помесни Цркви, Епископи или нивни заменици, испратени легати. На Вселенските собори учевствувале (скоро) сите Епископи, но и застапниците на сите помесни Цркви. За свикувањето, одржувањето и одлуките на Соборот постоела општа согласност. Со востановувањето на Патријаршиите, било неопходно присуството на сите Патријарси, или барем нивните полномошници. Иницијативата за одржување на Собор потекнува од Црквата, ја одобруваат Епископите, а во Римското Царство, Соборите ги свикувале царевите. Право на учество и гласање на Соборот имаат Епископите. Презвитерите и ѓаконите може да учествуваат на Соборот како заменици и легати на своите Епископи, или со советодавна улога и глас, како помошници на Епископите во водење расправа со еретиците.  ==Листа на одржаните Вселенски Соборисобори==
*[[Прв вселенски собор]], попознат како [[Никејски собор]] во Мала Азија (мај-јуни 325)
3.103
уредувања

Прегледник