Додадени 1.414 бајти,
10:33, 13 февруари 2010 '''Архимандрит''' (грч. αρχιμανδρίτης; буквално, „прв во бачилото“) е свештеномонах, или целибатен свештеник кому е даден високочесен чин во клирот, еден степен понизок од Епископ. Во мирското свештенство, овој чин соодејствува на митрофорнен протојереј (во Русија и онаму каде постои вакво свештенство) или протопрезвитер. Архимандритот, како и протпопрезвитерот се ословува со: „Ваше Високопреподобие!“ Посветувањето за архимандрит се врши со хиротесија.
Во грчката употреба, овој чин бил еквивалентен на игуменскиот, традиционалниот назив на старец на еден манастир. Меѓутоа после 6 век, архимандритскиот чин се издвојува како чин на старец на неколку големи и важни манастири.
Во словенските Цркви, игуменскиот чин се смета за понизок од оној на архимандритот.
{{Клир}}