Промени

Прејди на: содржини, барај

Литургиски садови

Додадени 3.978 бајти, 14:12, 11 февруари 2010
New page: {{Литургија}} '''Црковно-богослужбени садови''', или литургиски садови се садови кој се користат за служењ...
{{Литургија}}
'''Црковно-богослужбени садови''', или литургиски садови се садови кој се користат за служење на [[Света Литургија]]. На нив се поставуваат евхаристиските дарови лебот, виното и водата кога се служи Литургија, и без нив е невозможно служењето на истата. Садовите имаат практична и символична функција. Практичната функција се состои во поставувањето на даровите на садовите додека символичното дејство се состои во давањето на символично значење на некој од садовите, поврзано со животот на Христа Господа.

Садовите се чуваат на проскомидијалникот (жртвеникот) и за нив се грижат [[ѓакон]]ите и ипоѓаконите. Изработени се од скапоцени материјали, или од комбинација на скапоцени материјали и метали. За нив важи правилото дека не се изработуваат од дрво пластика или други меки материјали.

== Видови ==

Црковно-богослужбени садови се

* [[Путир]] - чаша изработена од скапоцен материјал или од метал под која има држач за да може да се постави на рамна површина, во неа се става виното.
* [[Дискос]] - има форма на помала чинија исто така се изработува од скапоцени материјали или од метал, и исто како и путирот има држач за да може да се постави на рамна површина и да се држи во рацете. На него се поставува лебот.
* [[Копје]] - има форма на вистинско копје и со неа свештенослужителите ја сечат [[просфора]]та и прават [[проскомидија]].
* [[Ѕвезда]] - се поставува над дискосот од како на него ќе се постави лебот за да ги заштитува даровите, и има форма на звезда.
* [[Покривачи]] - изработени од свила со везени орнаменти, ги има три: за дискосот, за путирот и за обете заедно.
* [[Кадилница]] - сад во кој се поставува жар и темјан и се кади храмот и даровите.
* [[Лажичка]] - со неа се причестуваат верните, нејзината употреба е воведена од шести век.
* [[Антимис]] - изработен од платно во кој има [[Свети Мошти|мошти]] и на кој се наоѓа потписот на епархискиот архиереј. На него по големиот вход се поставуваат даровите и без него не може да се служи Литургија; се чува на светиот престол.
* [[Дарохранилница]] - специјално изработен сад во форма на храм во кој се чуваат претходно осветени дарови за болни, или [[агнец]] за Литургија на претходно осветени дарови.
[[Категорија:Литургика]]
3.103
уредувања

Прегледник