Промени

Прејди на: содржини, барај

Втор вселенски собор

Додадени 1.918 бајти, 13:38, 8 февруари 2010
New page: '''Втор вселенски собор''' (грч: Η Β΄ Οικουμενική Σύνοδος; Πρώτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης - Прв Цариг...
'''Втор вселенски собор''' (грч: Η Β΄ Οικουμενική Σύνοδος; Πρώτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης - Прв Цариградски Собор) е вселенски собор одржан во Цариград од мај до 9 јуни 381 година. Соборот е свикан од страна на царот Теодосиј I Велики (379-395), православен император со шпанско потекло, со цел да се стави крај на аријанскиот спор кој продолжил и после Првиот вселенски собор во Никеја. На продолжување на аријанската контроверза придонело и прогонството на [[свети Атанасиј Велики]], како и поддршката која аријанците ја добивале од страна на наследниците на Константин Велики - Констанциј, Констанца и Валенса.

== Историски околности ==

[[Свети Григориј Богослов]] бил архи[[епископ]] Цариградски во 379 година. Во тоа време, во Цариград сеуште биле присутни голем број на еретици - аријанци, поради што свети Григориј вршел богослужби во обична куќа, која подоцна е наречена анастасија (Воскресение) затоа што преку неа навистина воскреснало Православието. На соборот во Цариград биле присутни околу 150 (сто и педесет) Епископи.

[[Категорија:Вселенски собори]]
3.103
уредувања

Прегледник