Промени

Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Featured

Додадени 1.012 бајти, 22:09, 2 февруари 2010
с
нема опис на уредувањето
Преподобен Максим Исповедник се родил во Константинопол околу 580 година и израснал во благочестиво христијанско семејство. Во младоста добил широко образование: ја изучил философијата, граматиката, риториката, бил начитан од древните автори и совршено ја владеел богословската диалектика. Кога Преподобен Максим стапил на државна служба, знаењата и добросовестноста му овозможиле да стане прв секретар на императорот Ираклиј (611 - 641). Но, дворскиот живот го оптоварувал и тој се оддалечил во Хрисополската обител /[[манастир]]/ (на спротивниот брег на Босфор – сега Скутари), каде што примил монашки постриг. Со своето смиреномудрие тој набргу ја стекнал љубовта од браќата и бил избран за [[игумен]] на манастирот, но и во тој чин, според својата необична скромност, тој бил, според неговите зборови, „останувајќи прост [[монах]]”. Во 633 г. по барање на еден богослов – идниот светител, Ерусалимскиот Патријарх Софрониј, Преподобен Максим ја оставил обителта и заминал во Александрија.
Свети Софрониј станал познат во тоа време како непомирлив противник монотелитската ерес. Потоа, откако IV Вселенски Собор (451 г.) ги осудил монофизитите, кои исповедале една (Божествена) природа во Господа Исуса Христа, еретиците - монотелити го вовеле поимот една Божествена волја и едно (Божествено) дејствување, што водело кон признавање на отфрленото монофизитско лажно учење. Монотелитството нашло многубројни следбеници во Ерменија, Сирија, Египет. Ереста, засилена со национална омраза, станала сериозна опасност за црковното единство на Истокот.
[[Преподобен Максим Исповедник|повеќе]]
3.103
уредувања

Прегледник