Промени

Прејди на: содржини, барај

Архиепископ Охридски и Македонски Михаил

Додадени 2.462 бајти, 11:06, 29 декември 2009
New page: '''Г.Г. Михаил''' (р. Ново Село, 1912 - 6 јули 1999), четвртиот архиепископ после возобновувањето на Македонската...
'''Г.Г. Михаил''' (р. Ново Село, 1912 - 6 јули 1999), четвртиот архиепископ после возобновувањето на Македонската православна црква. Архиепископот Михаил за поглавар на Македонската православна црква беше избран на 4 декември 1993 година.

Архиепископот Михаил бил и долгогодишен професор и декан на Православниот богословски факултет во Скопје. За време на неговото архиепископствување се направија потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и правни норми. Во тој период се збогати издавачката дејност во Македонската православна црква и беа отпечатени богослужбени изданија и повеќе книги со богословска содржина, преводи и оригинални творби.

Особено ќе остане запаметено неговото време по прекрасните беседи на даровитиот црковен оратор и мудар старец, кој со својата желба да биде што поприсутен меѓу својот народ, постојано беше во движење. Тој беше чест посетител, ревносен богослужител, пријатен соговорник и човек со израз на внимание он секого. Неговото присуство во електронските и печатените медиуми во Македонија и во странство направи Црквата да излезе од гетоизираноста што и ја наметна поранешниот период. Тој продонесе за афирмација на Македонската православна црква.
[[Категорија:Македонска Православна Црква]]
[[Категорија:Епископи]]
3.103
уредувања

Прегледник