Промени

Прејди на: содржини, барај

Проскомидија

Додадени 2.262 бајти, 10:41, 10 јуни 2009
с
New page: {{никулец}} '''Проскомидија''' (грч: Προσκομιδή - принесување; жртвеник, предложение, проскомидијарион, пр...
{{никулец}}

'''Проскомидија''' (грч: Προσκομιδή - принесување; жртвеник, предложение, проскомидијарион, протезис, "мал олтар") се однесува на дел од олтарниот простор во храмот, како и на дел од Светата Литургија; и двете значења се меѓусебно поврзани. Во храмовите, го означува просторот северно од чесната трпеза, во кој се сместуваат богослужбените предмети, се чуваат и подготвуваат чесните дарови за Евхаристија; самиот тој простор служи и како жртвеник на кој се подготвуваат чесните дарови (покрај жртвеникот има и умивалник, над кој свештеникот ги мие рацете пред почетокот на богослужбата).

Според толкувањата, проскомидијата символично го претставува Витлеем и пештерата каде што се случило Рождеството Христово, неговите јасли во кои Новородениот бил положен, но и самата Голгота каде е распнат. Првиот дел од Литургиите на свети Јован Златоуст и свети Василиј Велики е подготовката на просфора и вино - чесните дарови. Помеѓу другото, проскомидијата го символизира и безгрешното Христово зачнување и Неговите назаретски години на живот, поради што и самата Проскомидија се врши надвор од погледот на верните, како што и првото време на Христовиот овоземен живот поминало незабележано од Неговите современици.

{{Литургија/широк}}
3.103
уредувања

Прегледник