Промени

Прејди на: содржини, барај

Вовед во Православие

Додадени 6 бајти, 16:54, 8 јуни 2009
с
Пневматологија
==Пневматологија==
:''''':главна статија: [[Пневматологија]]'''''
Пневматологијата претставува теологија на Светиот Дух, на Неговото делување како еден од трите Ипостаси на Пресвета Троица. Православието ја нагласува одлучувачката улога на Светиот Дух во осветувањето на личноста и творевината, како и светотаинскиот (харизматичен) живот и организација на Црквата. Свети Васлилиј Велики докажува дека структурата на Црквата, а посебно богослужбите се дело на Духот, а свети Јован Златоуст тврди дека „кога не би постоел Светиот Дух, не би постоеле ни пастири, ниту учители во Црквата.“ Тој уште додава дека без Светиот Дух Црквата не би можела да биде Црква, а тоа е пред сѐ поради потребата која природата ја има за осветување со Духот, како и поради тоа што никој не може да влезе во Царството Божјо без да биде „роден одозгора“. Црквата е основана на денот на Педесетницата, кога Светиот Дух во вид на огнени јазици слегол на Пресвета Богородица, апостолите, и на сите кои биле со нив (Дап 2,1; 1,13-14).
3.103
уредувања

Прегледник