Промени

Прејди на: содржини, барај

Вовед во Православие

Додадени 2.514 бајти, 16:54, 8 јуни 2009
Пневматологија
==Пневматологија==
 
'':главна статија: [[Пневматологија]]''
 
Пневматологијата претставува теологија на Светиот Дух, на Неговото делување како еден од трите Ипостаси на Пресвета Троица. Православието ја нагласува одлучувачката улога на Светиот Дух во осветувањето на личноста и творевината, како и светотаинскиот (харизматичен) живот и организација на Црквата. Свети Васлилиј Велики докажува дека структурата на Црквата, а посебно богослужбите се дело на Духот, а свети Јован Златоуст тврди дека „кога не би постоел Светиот Дух, не би постоеле ни пастири, ниту учители во Црквата.“ Тој уште додава дека без Светиот Дух Црквата не би можела да биде Црква, а тоа е пред сѐ поради потребата која природата ја има за осветување со Духот, како и поради тоа што никој не може да влезе во Царството Божјо без да биде „роден одозгора“. Црквата е основана на денот на Педесетницата, кога Светиот Дух во вид на огнени јазици слегол на Пресвета Богородица, апостолите, и на сите кои биле со нив (Дап 2,1; 1,13-14).
 
Светиот Дух е извор на благодат во Црквата. Тој е силата на Светите Тајни и преку Него се осветува сѐ што се осветува. Светиот Дух дава живот на евангелските институвии кои Христос ни ги дарил (Дап 2,42), Тој ја чува Црквата да биде „една света, соборна и апостолска“; Тој ги разделува харизмите во Црквата (1Кор. 12,1-11), идните дарови и ветувања. Печатот на Светиот Дух е залог за наследство и идна слава (Еф 1,13-14).
 
==Еклисиологија==
3.103
уредувања

Прегледник