'''Православието''' (грч: Ορθοδοξία) е животот во полнотата на вистината на Православната вера, оригинален и непроменет облик на Христијанство, вера која „''еднаш е предадена на светите''“ (Јуда 3,1), и која живее преку [[Свето Предание|Светото Предание]], непроменливо, а сепак динамично. Апостолската [[Апостол]]ската вера е основниот критериум на Православното учење, а историјата на Православието започнува со историјата на Христијанството, односно со настаните помеѓу [[Вознесение Христово|Вознесението ]] и [[Педесетница]]та, со која е означен и почетокот на Новозаветната Црква (грч. εκκλησία).