Вселенските {{Вовед}}'''Вселенски собори''', (грч. οικουμενικος συνοδος, лат. Concilium) се собори на сите првоерарси на [[Православна Црква|Православната Црква]] ( Патријарси, Архиепископи, или Митрополити), од целиот свет на кој се разгледувале прашања поврзани со верата и поредокот во Црквата. Православната Црква голем дел од светото Предание црпи токму од Вселенски собори, кој после одржувањето оставале акти, односно донесувале канони , ги утврдувале догмите, а сето тоа било објавувано во зборници наречени номоканони. Црквата верува дека првоерарсите на вселенските Собори во своето одлучување биле раководени од Св. [[Светиот Дух]], и затоа нивните одлуки се обврзувачки за сите помесни православни Цркви, во учењето за верата и управувањето и поредокот на Црквата. Вселенските собори се свикувале поради некој актуелен проблем или погрешно учење, а често и византиските императори учествувале во нивната работа. Се одржале се на се седум вселенски собори. Одлуките донесени на еден од Вселенските Собори можат да бидат [[Догма|догми ]] (кои имаат доктринска содржина) и канони [[канон]]и (кои имаат дисциплинска содржина). Многу светители кој Православната Црква ги празнува биле учесници на Вселенските Собори. Вселенските собори се базираат на принципот на [[соборност]], и соборно одлучување кој е мошне важен за Православната црква, за разлика од римокатоличката кај која што папата е непогрешив критериум во донесувањето одлуки. Сепак и Православната и Римо-Католичката Црква ја признаваат важноста и одлуките на соборите одржани до 1054 година.
==Листа на одржаните Вселенски Собори== *Прв вселенски собор, попознат како Никејски собор во Мала Азија (мај-јуни 325) • *Втор вселенски собор, попознат како Цариградски собор (мај-јули 381) • *Трет вселенски собор, познат како Ефески собор (јуни-јули 431) • *Четврти вселенски собор, попознат како Халкидонски собор (8 октомври-1 ноември 451) • *Петти вселенски собор, или Втор цариградски собор (мај-јуни 553) • *Шести вселенски собор, или Трет цариградски собор (ноември 680-септември 681) • *Седми вселенски собор, или Втор никејски собор (септември-октомври 787) [[Категорија:Црковна историја]][[Категорија:Канонско право]][[Категорија:Вселенски собори]] [[el:Οικουμενικές Σύνοδοι]][[en:Ecumenical Councils]][[ro:Sinoade Ecumenice]]