Кога наближило времето за негово заминување од светот, тој заминал надвор од Ефеските граници, заедно со семејствата на неговите ученици. Ги замолил да му подготват гроб во вид на крст, во кој легнал, замолувајќи ги своите ученици да го покријат со земја. Учениците, насолзени го целивале својот возљубен учител, и бивајќи послушни, го покриле неговото лице со лесен материјал, и потоа целото тело со земја. Кога другите ученици дознале за погребот на својот учител, дошле на истото место; сакајќи да се простат со него, го откопале гробот, и виделе дека е празен.
== Химнографија ==
===Тропар===
: ''глас 2''
: Апостоле, возљубен од Христа Бога, побрзај да ги избавиш љуѓето без одбрана,
: оти, оној што ти дозволи да се потслониш на неговите гради,
: ќе ти дозволи и да Го помолиш за нас. Него, моли Го, Богослове,
: да го растера темниот облак на незнабошците, просејќи за нас мир и милост голема.
== Надворешни врски==