Промени

Прејди на: содржини, барај

Пресвета Троица

Додадени 2.069 бајти, 20:49, 10 мај 2009
с
Учењето за Света Троица
# Делувањето „надвор“ од Бога, односно создавањето, спасението и осветувањето се заедничко дело на Света Троица, но тоа е поделено меѓу Трите Лица: создавањето се припишува на Отецот, Кој сѐ створил со Својата волја, низ Синот во Светиот Дух; искупувањето се припишува на Синот, Кој се овоплотил преку Светиот Дух, бивајќи послушен на Отецот; осветувањето, пак, на Духот, Кој доаѓа од Отецот, на молба на Синот. Во чинот на творење, Отецот е извор, Синот е граница, а Духот е постоење. Според свети Василиј Велики, „постои еден извор на сѐ што постои, кој создава низ Синот и води кон совршенство низ Духот.“ Бог е седржител и промислител на сѐ низ Синот во Духот Свет.
# Во внатрешноста на Троица постои меѓуипостасно движење, или „перихореза“, односно апсолутно заедничко и совршено исполнување кое има единствено начело. Трите Ипостаси не се три начела на божествената суштина, но тоа не значи дека природата и делувањето на Синот и Духот се непотполни: Синот е икона на невидливиот Бог (Кол 1,15). Не е возможно да се види иконата на невидливиот Бог без просветувањето од Светиот Дух, по зборовите на Василиј Велики. За Григориј Палама, ипостаста на Светиот Дух има личен разумен карактер, зашто љубовта на Отецот кон Синот, како личен однос, ипостазирана е во Светиот Дух. За свети Григориј Синаит, „Триипостасниот Бог има потполно неизмешана перихореза на Лицата меѓу себе.“
# Троичниот догмат бил предмет на првите Вселенски собори, а светотроичната теологија е истенчено дефинирана во истиот период, преку придонесот на кападокиските отци, кои заклучиле дека:#* Божеството (υοσια) е заедничка суштина на Троица#* Природата или естетството (φυσις) е стварност која сочинува битие#* Лицето или ипостаста (υποστασις) е субјектот кој ја поседува и личносно ја прима таа природа#* Ипостасните идиоми (ιδιοματα) се карактеристики, или лични својства на ипостасите# Тајната на Троица останува недостижна. Многумина се обиделе да дојдат до претстава со која би ги надминале таканаречените логички контрадикции содржани во тврдењето „Еден Бог во три Лица“ или да најдат логички докази за тоа тврдење. На пример, за блажен Августин, решението за потврда на Троица во Бога, не негирајќи го бројното единство, е во набљудување на трите Лица како односи внатре во божествениот живот. Тие Троични односи би одговарале на односите на еден со самиот себе, односно со: сеќавање, дознавање и љубење. Самиот човек кој како единство го познава својот живот, дух и природа, има претстава за идентичноста на суштината и разликата во троичните односи.
[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:Никулци]]
[[el:Αγία Τριάδα]]
3.103
уредувања

Прегледник