Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Јован Богослов

Нема измена во големината, 12:08, 27 април 2009
с
Житие
Покрај Крстот, тој стоел заедно со [[Пресвета Богородица|Богородица]], слушајќи ги зборовите на Распнатиот Господ, упатени кон Богомајката: „Жено, еве ти син.“ И кон него: „Еве ти мајка“ (Јован 19,26-27). Од тој момент, светиот апостол, како сакан син, се грижел за Пресветата Богородица Марија, и нејзе и служел до нејзиното Успение.
По [[Успението на Богомајката|Успение на Пресвета Богородица|Успението на Богомајката]], светиот апостол Јован заминал за Ефес и во другите градови во Мала Азија, за да го проповеда Евангелието, поведувајќи го со себе и својот ученик Прохор. Запловиле со еден брод, кој пострадал од голема бура; сите патници биле исфрлени на брегот, освен апостолот Јован, кој, се чинело, останал на морското дно. Свети Прохор горко го оплакал својот духовен отец и раководител, и сам заминал накај Ефес. На четиринаесетиот ден од неговото патување, здогледал како морето исфрла тело на еден маж. Кога се приближил, го познал апостолот Јован Богослов, кој, по сé излгеда, го преживеал бродоломот, и бил сочуван жив од страна на Господ Исус Христос. Тогаш заедно продолжиле кон Ефес, каде свети Јован Богослов неуморно Го проповедал Христа на незнабожците. Неговата проповед била придружена со многубројни и големи чуда, така што бројот на верните растел секојдневно.
=== Прогонство на Патмос ===
3.103
уредувања

Прегледник