Промени

Прејди на: содржини, барај

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим

Додадени 1.448 бајти, 10:12, 12 април 2009
нема опис на уредувањето
[[Image:Palm _Sunday.jpg|right|frame|Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим]]
'''Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим''', наречено и '''Цветници ''' или '''Врбици''' (грч: Η Είσοδος του Χριστού στα Ιεροσόλυμα), е еден од Големите Христови празници на [[Православна Црква|Православната Црква]], чиј спомен се празнува во неделата пред [[Велигден]]. Востановен е во 4 век во Ерусалим, во чест на последниот и царски влез Господов во Ерусалим. На овој ден во Велигденскиот [[пост]] дозволено е да се јаде риба.
== Влегувањето според Светото Писмо ==
По чудесното воскреснување на [[Чазар Четвородневен|Лазар]], шест денови пред еврејскиот празник Пасха, [[Господ Исус Христос ]] тргнал кон Ерусалим. Многумина од народот со радост го следеле Исуса и биле подготвени да го Му укажат почести какви во древните времиња на Исток им биле укажувани на царевите. Eврејските првосвештеници пак, негодувајќи против Исус заради тоа што Тој кон Себе предизвикувал невообичаена почит од народот, намислиле да Го убијат – и Него, но и Лазар, кого што Христос го воскресна, „бидејќи заради него многумина од Јудејците доѓаа и поверуваа во Исус”.
Тогаш се случило нешто неочекувано за нив: «Многу народ, насобран за празникот, кога слушнале дека Исус пристигнува во Ерусалим, зеле палмови гранки, излегле да го пречекаат со извици: «Осанна! Благословен е тој што доаѓа во Името Господово, Царот на Израил!»
Неговите денови во Ерусалим се последната и најодлучна средба со злото, со злото во светот и со злото во луѓето. Тоа се денови на туробна сериозност, слика на сите одлучни мигови во животот на Црквата и на секој верник.
 
== Богослужба ==
 
Во очи на овој празник се служи вечерна, и се врши литија со палмови гранчиња или врби, кои се осветуваат во недела, на утрената после читањето на 50 псалм, со посебна мочитва и попрскување со богојавленска водичка. Гранчињата се даваат на верните кои ги носат дома и ги чуваат пред домачниот иконостас. Канонот за овој празник го напишал Козма Мелод Ерусалимски во средината на 8 век. Овој канон се смета за најубав канон произлезен од овој прекрасен поет. На иконата, Христовото влегување е претставено како Христос на осле влегува во Ерусалим, пратен од своите ученици, додека народот ги постила своите облеки пред него, а децата фрлаат гранчиња на патот.
==Извори за настанот во Светото Писмо==
3.103
уредувања

Прегледник