Промени

Прејди на: содржини, барај

Ѓакон

Нема измена во големината, 11:59, 2 април 2009
с
нема опис на уредувањето
'''Ѓакон''', дјакон (грч. δάκονος, од глаголот διακονεί - да служиш, да помагаш), е свештенослужителски чин и почетен степен на Црковната ерархија, посветен со хиротонија. Ѓаконот е ракоположен од [[Епископ]]от, а во богослужбите им помага на Епископите и [[презвитер]]ите. Службата на ѓаконите се нарекува ѓаконија (грч. διακονία), но тој збор се наоѓа во Новиот Завет не само како значење на службата на ѓаконот (Рим 12,7), туку и како воопштено значење на службата (Евр 1,14), службата на пророците, аспостолите (1 Тим 1,12; Дап 1,17). Постојат ѓакони во световниот (мирски) и монашки ред (јероѓакониероѓакон), со почесните титули - протоѓакон за мирскиот, и архиѓакон, за монашкиот. Одеждата на ѓаконот се состои од: [[орар]], [[стихар]] и [[нараквици]].
Како црковна институција, ѓаконот потекнува од апостолските времиња. Бидејќи апостолите се наоѓале на врвот на Црквата, нивната прва и основна служба била проповедта на учењето на [[Господ Исус Христос]]. Кога бројот на учениците - следбеници се зголемил, а грижите и задачите за црковната општина се умножиле, [[Апостол]]ите предложиле да се изберат посебни луѓе кои ќе ја превземат грижата за административните работи: „''Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите. Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со [[Бог Свет Дух|Светиот Дух]] и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност, а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото''.” (Дап. 6,2-4). Тогаш избрале седуммина (Стефан, Филип, Прохор, Никифор, Тимон, Пармен и Николај), кои Црквата ги нарекува ѓакони.
3.103
уредувања

Прегледник