Промени

Прејди на: содржини, барај

Воведение во Храмот на Пресвета Богородица

Додадени 1.862 бајти, 14:18, 26 ноември 2008
нема опис на уредувањето
{{никулец}} [[Image:Entrance.jpg|right|frame|The Entrance of the Theotokos into the TempleВоведение во Храмот на Пресвета Богородица]]
'''Воведение во Храмот на Пресвета Богородица''' е еден од дванаесетте големи празници кои ги празнува Православната црква, познат и како Пречиста [[Пресвета Богородица|Богородица]]. Се празнува на 21 ноември, односно [[4 декември]] по нов стил.
Според Светото Предание, Пресвета Богородица била претставена во Ерусалимскиот Храм како мало тригодишно девојче од нејзините благочестиви родители, свети Јоаким и Ана, со цел да биде исполнет нивниот завет даден на Бога. Бидејќи за раѓањето и раниот живот на Богородица нема непосредни информации од книгите на [[Нов Завет|Новиот Завет]], најраниот извор на ова предание може да се лоцира во неканонското [[Протоеванелие]] според светиот апостол Јаков од вториот век. Во нејзина преидружба биле повикани девојчиња кои носеле свеќи во рацете, давајќи му посебно значење на самиот настан. Богородица се искачила по скалите, свечено пречекана од свештениците во храмот, предводени од Захарија, таткото на свети Јован Крстител, и била воведена во најсветиот дел од Храмот - Светињата на светиите. Таму живеела девет години, додека не била предадена на нејзиниот роднина, свети Јосиф Целомудрен, за да биде испочитуван Законот.
Значењето на овој празник е многусложно, но сепак - Црквата го гледа овој празник како празник кој го обележува крајот на физичкиот, материјален Ерусалимски Храм како место во кое пребива Бог, и почеток на Новиот Завет, каде преку Богородица, Несместивиот Христос е сместен во утробата на Пречистата. На овој начин, Пресвета Богородица се предава и посветува целосно на Бога и (подоцна) станува пребивалиште на Воплотениот Бог, мост кој ги поврзува небото и земјата - Бог и човекот; чекор пред обожувањето на човекот.
==Празнување на празникот==
==Икона на празникот==
[[Икона]]та на празникот ја раскажува приказната на Воведението на Марија како мало девојче во Храмот. Светиот пророк Захарија, таткото на свети Јован Крстител е облечен во неговите свештенички одежди и стои на скалилата на Храмот. Неговите раце се раширени во исчекувањето на Дева. Марија, како мало дете, стои и со нејзините раце посегнува по него.
 
На некои икони претставени се и младите девици кои ја придружуваат и стојат позади неа. Исто така, се гледаат и нејзините родители, светите богоотци Јоаким и Ана, како го нудат своето дете на Бога и Неговата света служба. Во горниот централен дел на иконата, Богородица стои на влезот на Светињата на светиите. Покрај неа има насликано ангел, кој пристапува кон од Бога избраната носителка на Спасителот на светот.
 
==Химнографија==
: Те величаме, Пресвета Дево, Богоизбрана родителке,
: и го почитуваме Твоето влегување во Господовиот храм.
 
== Видете исто така ==
 
*[[Пресвета Богородица]]
 
==Надворешни врски ==
 
* [http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2050 Од Прологот на страницата на МПЦ]
 
[[Категорија:Празници]]
[[Категорија:Пресвета Богородица]]
[[Категорија:Избрани статии]]
[[en:Presentation of the Theotokos]]
[[fr:Entrée au Temple de la Mère de Dieu]]
[[ro:Intrarea Maicii Domnului în Biserică]]
3.105
уредувања

Прегледник