Промени

Прејди на: содржини, барај

Преображение на Господ Исус Христос

Додадени 2.219 бајти, 14:24, 19 август 2008
Значење и символика
Откако слегле од гората, Исус им заповедал да не зборуваат за тоа што го виделе, додека Тој не [[Воскресение|воскресне]].
==Историја на установување на празникот==
Иако споменуваниот настан се случил 40 денови пред распнувањето на Спасителот, тој се празнува во август, а не во февруари, бидејќи така празнувањето би се паѓало во време на Великиот пост. По установената традиција, временскиот период од 40 денови го одделува Преображението од празникот Воздвижение на Крстот Господов (27 септември / 14 септември по ст. ст.), кога Црквата повторно ги споменува Христовите страдања и Неговото страдање на крстот.
Најверојатно, празникот Преображение бил установен во IV век – кога рамноапостолната Елена, мајката на Константин Велики, изградила на гората Тавор храм во чест на Преображението Господово.
За тоа сведочат и поуките од св. Ефрем Сириски и св. Јован Златоуст. Постоењето на празников во IV век покажува дека неговиот почеток е во претходните три векови на христијанството. Зачувано е слово од св. Андреј Критски (635-680) на Преображение Господово. Во тоа слово терминот «Преображение» се разгледува, не само во догматска смислае, туку и во смисла на вистинско црковно торжество. Во VIII век свети Јован Дамаскин и Косма Мајумскиј составиле повеќе стихири и канони на овој празник, со кои Православната Црква го прославува настанот и денес.
== Иконографија ==

Прегледник