Промени

Прејди на: содржини, барај

Велики Петок

Додадени 9.014 бајти, 15:02, 23 април 2008
New page: '''Велики Петок''' е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спаси...
'''Велики Петок''' е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

==Страданијата==

Најпрво, Христос беше одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашуваше и Го затвори. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници, садукеи и страрешини. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што канзата била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај [[Понтиј Пилат]]. Пред него Христос беше осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидуваше да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управуваше со таа покраина. Ирод Го исмејуваше Исуса и Го врати пак кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол - трска.

Но според обичајот, бидејќи Пасха, еден осуденик можеше да биде ослободен по волја на народот. И повторно, поткупената маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки. И додека Христос сведочи за Себе пред судот, светиот апостол Петар три пати се одрекнува од Него, а Јуда се обеси.

Исуса Го одведоа од затворот и од судот за да Го погубат. Пресудата беше извршена на губилиштето близу градот, на мала височинка наречена Голгота (череп). Евангелијата нагласуваат дека тука се исполнија уште два страшни псалми - псалмот 21 („''Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?''“) и псалмот 68 („''Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.''“). Тука се исолнуваат и најситни детали - војниците фрлаат ждрепка за Неговите алишта, Му нудат оцет и жолчка, присутните презриво нишаат со главите свои. Покрај првите збориви на 21 псалм, евангелистите забележуваат уште неколку други нешта кои Христос ги изговорил умирајќи на Крстот:
* Се моли за Своите мачители: ''Оче, прости им, зашто не знаат што прават.''
* Му ветува на разбојникот распнат со Него: ''Навистина ти велам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот.''
* Погледна кон Јована и ѝ рече на Својата мајка: ''„Жено, еве ти син,“ а потоа му рече на Јована: „Еве ти мајка“!''
* Небото ги покажуваше знаците на последните времиња: темнина на пладне. Исус гласно извика: „''Жеден сум.''“
* Околу три часа по раснувањето, односно 3 часот по пладне, нашиот Господ умре на крстот. Повика на висок глас: „''Оче, во Твоите раце го предавам својот дух.''“ (Лука 23,46 спореди Псалм 30,5). Свети Јован Богослов, пак, го споменува наклонувањето на главата, и Неговите последни зборови: „''Свршено е''.“

==Богослужби==
Богослужбите на Велики Петок почнуваат од вечерта на Велики Четврток, кога се исполнуваат светите и спасителни Страданија на Господ Исус Христос. На средината на храмот, пред постаеното Распетие приоѓаат свештенослужителите и ги читаат деловите на Страдалните Евангелија, дванаесет по број. Првото, и најголемото е Јовановото, во кое Господ ни се открива како пат, вистина и животл и како драгоцен дар на Божјата љубов Кој ги соединува луѓето со Него, и еден со друг, меѓусебно. Ова евангелски читање завршува со Првосвештеничката молитва.

Читањето за Господовите страданија завршува со приказот на запечатувањето на гробот и поставувањето стража, според Евангелието по Матеј.

На Велики Петок, кога Спасителот беше распнат на Крстот, не се извршува божествена Литургија, а на часовите повторно се читаат евангелијата на Неговите страдања. Вечерната (изнесувањето на плаштеницата) е посветено на погребувањето на Спасителот и обично се изврпува во средината на денот. Оваа служба, по својата смисла како повеќе да припаѓа на Велика Сабота. Пред почетокот, на средината на храмот се поставува гроб со цвеќам а ба орестолот се поставува плаштеницата на која е насликан Спасителотположен в гроб.

Прокимените и алилуите се позајмени од пророчките псалми. По додатните песнопеења за Христовата смрт, додека се чита молитвата на св. Симеон Богопримец, свештеникот се облекува во полно одејание и ја каде плаштеницата на престолот. Потоа, на Оче наш, кога се пее тропарот, тој ја подика плаштеницата над глава, го обиколува престолот, излегува на средината на храмот, и ја поставува плаштаницата во гробот. Во некои цркви, на вечерната се пее повечерие, или таканаречено Оплакување на Пресвета Богородица.

== Химнографија ==
=== Тропар ===
: Денес виси на дрво, Оној што на води земјата ја обесил
: со трнов венец се овенчува Оној што Цар на Ангелите е
: во лажен пурпур се облекува, Оној што небото со облаци го облекува
: удари прима, Оној што во Јордан го ослободи Адам
: со клинци се прикова Младоженецот на Црквата
: со копје е прободен Синот на Дева.
: Се поклонуваме на Твоите страдања, Христе
: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе
: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе,
: покажи ни го и славното Твое Воскресение.
3.103
уредувања

Прегледник