Додадени 6.448 бајти,
20:45, 19 април 2008 [[Image:Palm _Sunday.jpg|right|frame|Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим]]
'''Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим''', наречено и '''Цветници ''', е еден од Големите Христови празници на [[Православна Црква|Православната Црква]], чиј спомен се празнува во неделата пред [[Велигден]]. На овој ден во Велигденскиот [[пост]] дозволено е да се јаде риба.
По чудесното воскреснување на Лазар, шест денови пред еврејскиот празник Пасха, Исус Христос тргнал кон Ерусалим. Многумина од народот со радост го следеле Исуса и биле подготвени да го Му укажат почести какви во древните времиња на Исток им биле укажувани на царевите. Eврејските првосвештеници пак, негодувајќи против Исус заради тоа што Тој кон Себе предизвикувал невообичаена почит од народот, намислиле да Го убијат – и Него, но и Лазар, кого што Христос го воскресна, „бидејќи заради него многумина од Јудејците доѓаа и поверуваа во Исус”.
Тогаш се случило нешто неочекувано за нив: «Многу народ, насобран за празникот, кога слушнале дека Исус пристигнува во Ерусалим, зеле палмови гранки, излегле да го пречекаат со извици: «Осанна! Благословен е тој што доаѓа во Името Господово, Царот на Израил!»
Ова Христово влегување во Ерусалим истовремено е и торжествено и смирено. Торжествено е – зашто секоја човекова душа, нерасипана од злобата и зависта, го претчувствувала наближувањето на Небесното Царство на земјата преку благодатта и совршената Христова љубов. Смирено е – зашто Царот доаѓа седнат на осле, за да преку Своето смирение да ја уништи сатанската гордост и човечката суета. Тој не еднаш ги предупредувал Своите ученици, дека Синот Човечки треба многу да пострада од луѓе беззаконици, да биде фатен, понижуван, распнат, да претрпи сурова смрт на Крст и да биде положен во гроб. И тогаш да воскрсне од мртвите, возвестувајќи го сеопштото возкресение. Толпата, како и секогаш, и тука се покажува како безлична, безформна маса. Во сложните извици „Осанна” (што значи: „Молиме, спаси нè”) се криел некаков злозвук, зашто многу бргу, само неколку денови подоцна, истите гласови врескале: „Распни Го!” Поттикнувани од книжниците и фарисеите, луѓето ги замениле палмовите гранки со стапови со кои гневно претеле против Господа. Чудесата, исцелувањата, милосрдието, љубовта и светоста, а не гласници, го разгласувале доаѓањето на Синот Божји. Особено бргу се распространило сведоштвото за чудесното воскреснување на четиридневниот мртов Лазар од Витанија кое било извршено само еден ден пред влегувањето во светиот град. Преку тоа чудо Христос ја посведочил и Својата скорешна смрт и Воскресение; покажал, дека Самиот Тој е воскресението и животот. Но, прво требало да пострада за целиот човечки род, за сите нас.
Неговите денови во Ерусалим се последната и најодлучна средба со злото, со злото во светот и со злото во луѓето. Тоа се денови на туробна сериозност, слика на сите одлучни мигови во животот на Црквата и на секој верник.
==Настанот во Светото Писмо==
* Свето Евангелие по Матеја 21:1-11
* Свето Евангелие по Марка 11:1-11
* Свето Евангелие по Лука 19:28-44
* Свето Евангелие по Јован 12:12-19
==Химнографија==
===Тропар===
: ''глас четврти''
: Ние кои со Тебе се погребавме во крштението Христе Боже наш,
: за бесмртен живот се удостоивме со Твоето воскресение,
: и воспевајќи велиме: Осанна во висините,
: благословен е Тој што иде во името Господово.”
===Кондак===
: глас шести
: На небесата носен на престол, а на земјата на осле, Христе Боже,
: од ангелите фалење и воспевање си примил од децата, кои Ти извикуваа:
: благословен си Ти што идеш Адам да го повикаш.
[[Категорија:Празници]]
[[en:Palm Sunday]]