Разлика помеѓу преработките на „Проскомидија“
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | + | [[Image:Proscomidiar.jpg|right|thumb|200px|Жртвеник, Проскомодијар]] | |
'''Проскомидија''' (грч: Προσκομιδή - принесување; жртвеник, предложение, проскомидијарион, протезис, "мал олтар") се однесува на дел од олтарниот простор во храмот, како и на дел од Светата Литургија; и двете значења се меѓусебно поврзани. Во храмовите, го означува просторот северно од чесната трпеза, во кој се сместуваат богослужбените предмети, се чуваат и подготвуваат чесните дарови за Евхаристија; самиот тој простор служи и како жртвеник на кој се подготвуваат чесните дарови (покрај жртвеникот има и умивалник, над кој свештеникот ги мие рацете пред почетокот на богослужбата). | '''Проскомидија''' (грч: Προσκομιδή - принесување; жртвеник, предложение, проскомидијарион, протезис, "мал олтар") се однесува на дел од олтарниот простор во храмот, како и на дел од Светата Литургија; и двете значења се меѓусебно поврзани. Во храмовите, го означува просторот северно од чесната трпеза, во кој се сместуваат богослужбените предмети, се чуваат и подготвуваат чесните дарови за Евхаристија; самиот тој простор служи и како жртвеник на кој се подготвуваат чесните дарови (покрај жртвеникот има и умивалник, над кој свештеникот ги мие рацете пред почетокот на богослужбата). |
Преработка од 07:54, 17 февруари 2010
Проскомидија (грч: Προσκομιδή - принесување; жртвеник, предложение, проскомидијарион, протезис, "мал олтар") се однесува на дел од олтарниот простор во храмот, како и на дел од Светата Литургија; и двете значења се меѓусебно поврзани. Во храмовите, го означува просторот северно од чесната трпеза, во кој се сместуваат богослужбените предмети, се чуваат и подготвуваат чесните дарови за Евхаристија; самиот тој простор служи и како жртвеник на кој се подготвуваат чесните дарови (покрај жртвеникот има и умивалник, над кој свештеникот ги мие рацете пред почетокот на богослужбата).
Според толкувањата, проскомидијата символично го претставува Витлеем и пештерата каде што се случило Рождеството Христово, неговите јасли во кои Новородениот бил положен, но и самата Голгота каде е распнат. Првиот дел од Литургиите на свети Јован Златоуст и свети Василиј Велики е подготовката на просфора и вино - чесните дарови. Помеѓу другото, проскомидијата го символизира и безгрешното Христово зачнување и Неговите назаретски години на живот, поради што и самата Проскомидија се врши надвор од погледот на верните, како што и првото време на Христовиот овоземен живот поминало незабележано од Неговите современици.
Оваа статија е дел од серијата Света Литургија |
|||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|